12:47

СВЕТА ТАЈНА ПОКАЈАНИЕ И ИСПОВЕД

Што е Света Тајна Покајание?

Bo Светата Тајна Покајание на христијанинот му се дава очистување на гревовите кои ги правел и ги прави по Крштевањето и Миропомазанието, кои се сметаат за Тајни на Посветувањето. Нашето секојдневно искуство e дека – наспроти нашето влегување во радоста и мирот на Царството, нашиот живот почесто останува во мракот и гревот и ние непрестајно ја нарушуваме „целовитоста”, која ни e дарувана co Светите Тајни Крштевање и Миропомазание.

Поради тоа ни e потребно исцеление и повторно помирување co Бога, и затоа Бог, по Својата милост, и’ остави на Својата Црква светотаински средства за исцелување на христијаните.

Целта на Светата Тајна Покајание e повторно да го помири човекот co Бога во Црквата. Навистина, секој грев нѐ одвојува и нѐ исклучува од заедницата co Бога, од новиот живот кој ни се дарува co Крштевањето.

Секој пат кога ќе направиме грев, ние престануваме да пребиваме во Христа. Секој пат кога ќе направиме грев, ние ja изневеруваме својата вистинска природа, обновена во нас co Крштевањето и Миропомазанието.

И единствено покајанието може да нѐ врати во состојбата од која сме се лишиле, што значи дека Светата Тајна Покајание никако не би смеело да се сфаќа во некоја магиска смисла, како разрешување од гревовите кое би било независно од фактот дали ние навистина се каеме или не, како нешто делотворно само по себе. Напротив, оваа Света Тајна токму зависи од нашето покајание, зашто покајанието не e само обично набројување на гревовите.

Покајанието е, пред сѐ, вистински суд на совеста.

Сликата на вистинско покајание ја наоѓаме во Евангелието во приказната за блудниот син. Блудниот син се присетил на сѐ што имал во домот на својот татко, увидел колку многу загубил, па тогаш посакал co сето свое битие – да се врати. Затоа грешат оние кои Светата Тајна Покајание ja објаснуваат како некој вид на објективна моќ (на свештеникот да отпушта гревови).

Разрешувањето од гревовите кое го дава свештеникот навистина e „полноважно”, но ако кај грешникот кој се исповедува нема вистинско покајание, тогаш тоа не се однесува на него.

Она што Бог го бара од нас e „умиление”, односно покајничка трогнатост на срцето. Она што Бог го сака e човек кој говори: „Толку многу примив, се сеќавам на белата наметка која ја примив на Крштевањето и увидувам колку сум сега осквернет!”

Дури тогаш кога навистина ќе се згадиме над гревот и ќе посакаме да се измениме, гревовите ни се навистина отпуштени, зашто co отпуштањето на гревовите кое го изрекува, свештеникот всушност огласува дека Бог го примил покајникот и повторно го помирил co Себе и Црквата, дека блудниот син се вратил и дека Отецот го примил.

Што е тoa исповед?

Такво е православното сфаќање на Светата Тајна Покајание, различно од римокатоличкото, кое e чисто правно сфаќање на покајанието. Бог во Христа еднаш засекогаш ни ги прости сите гревови, но тоа простување се однесува на мене лично само тогаш, кога јac co сето срце ќе го посакам, кога ќе копнеам за заедница co Бога и за живот co Hero и ќе посакам во мене да се обноват радоста и мирот, без кои на овој свет ништо нема никаква смисла и значење за православниот христијанин.

Борбата co гревот треба неизоставно да се очитува во откривањето на својата душа пред Бога и другите луѓе, бидејќи коренот на гревот e самољубивото самозатворање на човекот.

Исповедта и е, пред сѐ, исчекор и излегување од болната субјективност, таа исто така бара самопожртвуваност, без која нема вистинска љубов. Освен тоа, кажувањето на гревот, кое често го проследува врело

чувство на срам, го потпомага отсекувањето на гревот од здравото јадро на личноста. Понекогаш болеста e неизлечива без хируршки зафат или спалување на раната.

Исповеданиот грев му станува туѓ на човекот, a оној кој останува сокриен доведува до загнојување на целата душа. Ние толку не се исповедуваме за да ја избегнеме казната, колку за да се излечиме од гревовите, т.е. за да се избавиме од нивното повторување.

Примајќи го покајникот, свештеникот му се обраќа:

„Внимавај, бидејќи си дошол во лекувалиште, да не си отидеш неисцелен од духовните болести – од гревовите!”

Гревот ја разбива нашата личност, a да ja врати во состојба на целовитост, односно да ја исцели, способна e само Љубовта Божја. Ние поради неа и доаѓаме во Црква, во која Самиот Христос нѐ исцелува co Својата Љубов.

Како подготовка за исповедта служи најнапред човековиот духовен живот, co постојано вежбање на совеста. Гревот не се состои толку во посебните постапки, колку што претставува постојана болест којашто на човекот не му допушта да го прима дарот на Божествената благодат, т.е. го лишува од изворот на вистинскиот живот.

За искоренување на таквите гревови, какви што се гордоста и егоизмот, потребно e постојано внимание врз себеси, борба co лошите помисли и горко жалење поради честите согрешенија.

Тоа и e всушност постојаното покајание. За да се вдишува благодатта, потребно e постојано да се издишува здивот на гревот. Проверувајќи се постојано себеси, и макар само на вечерната молитва сеќавајќи се на својот изминат ден, човекот поуспешно се кае и во време на исповедта.

Кој пак, ја занемарува секојдневната хигиена на душата, лесно запаѓа и во големи гревови, дури и незабележително. Подготовката за исповед ја чинат и осамувањето заради размислување за сопствените гревови, молитвата, постот, читањето на Светото Писмо и Светите Отци и други духовни книги.

Исповедта треба да биде потполна, точна, без самооправдувања. Треба најнапред да помислиме да ги спомнеме најмачните гревови (страстите, пороците), a исто така и гревовите против љубовта (осудувањето, злобата, непријателството кон ближните).

Ако има такви гревови, тогаш тие треба да бидат предмет на постојано покајание и борба, зашто Бог e Љубов. Поради тоа, пред исповедта треба да се помириме co сите, опростувајќи и барајќи прошка.

Светите Отци за покајанието

Покајанието не се состои само во одрекувањето од поранешните зли дела, туку и во грижата да се покажеме во добри дела, особено во љубовта кон ближниот и милостината, кои пак покриваат многу гревови, a и во трпењето и опростувањето на навредите кои ни ги нанесуваат другите, зашто ако ние простуваме и Бог ќе ни прости.

Бог е подготвен на помирување co нас и бара само мал повод за тоа. Да My дадеме можност да ја покаже Својата Љубов кон нас и да се погрижиме после покајанието да се сочуваме од гревот. A ако се сопнеме и паднеме, брзо да станеме, оплакувајќи го искрено гревот, за да се здобиеме co радост во Бога (Св. Јован Златоуст).

Ha младиот човек демонот често му ја влева мислата:

„Ти си уште млад, уживај и греши, a во староста ќе се покаеш”. A кога ќе ја достигне староста, тој му шепоти:

„Ти си остарел, како можеш да го поднесеш трудот на покајанието? Тебе ти e потребен одмор”.

He говори: Денес ќе згрешам, a утре ќе се покајам. Подобро e денес да се покаеме, зашто не знаеме дали ке го доживееме утрешниот ден (Св. Ефрем Сирин).

Бог co Својата голема љубов e подготвен да ги спаси и демоните, и иако направиле милијарди злодела, доволно e да се покајат. Поради тоа, ниеден грешник никогаш не треба да очајува. Доволно е да се покае, бидејќи неговите гревови се помали од оние на ѓаволот, a има и олеснителни околности бидејќи e создаден од земја, па поради невнимание се лизнал и се извалкал во калта на гревот…

Немаме оправдување ако не сакаме да се покаеме и исповедаме, туку сакаме да останеме во калта. Има и такви кои не се исповедуваат, бидејќи мислат дека повторно ќе паднат во истите гревови; односно, на старата нечистотија додаваат сѐ поголема и поголема, додека пак кога ќе се извалкаат нивните алишта, тие ги перат и внимаваат на нив, a кога повторно ќе се исфлекаат, ги чистат (Старец Пајсиј Светогорец).

Kora луѓето во себе имаат страв Божји, тивко и убаво e да се живее на земјата. Но, во денешно време луѓето почнаа да живеат по своја волја и разум, напуштајќи ги светите заповеди и надевајќи се дека без Господа ќе најдат радост на земјата. Тие не гледаат дека единствено Господ e наша радост и единствено во Hero ce весели душата…

Слава My на Господа што ни го дал покајанието, зашто преку него сите без исклучок ќе се спасиме. Нема да се спасат само оние кои нема да сакаат да се покајат. Во тоа јас го гледам нивното очајание и многу плачам поради нив и ги жалам.

Тие не познале преку Светиот Дух колку e големо Милосрдието Божјо. Kora секоја душа би го знаела Господа и би знаела колку Он нѐ љуби, не само што никој не би очајувал, туку никој никогаш не би ни роптал…

Секоја душа која го загубила мирот треба да се покае и Господ ќе и’ ги прости гревовите и во неа повторно ќе завладеат радост и спокојство (Св. Силуан Атонски).

Cѐ ce поправа co покајанието. He постои ништо што би ja надминало Милоста Божја. Љубовта Божја се покрива и поправа. Никој не e безгрешен освен Единиот Бог. Покајанието не остава ништо неисцелено.

Ако на човекот не му беше дарувано покајанието, никој не би се спасил… Покајанието ни e потребно до последниот здив, зашто и за еден миг можеме да згрешиме (Старец Ефрем Филотејски).

И затоа, да не бидеме мрзливи да се обратиме брзо во покајание кон Нашиот Милостив Владика, и да не се оправдуваме co лекомисленост и очајание поради своите тешки и безбројни гревови, зашто очајанието e најпотполна радост за ѓаволот. Тоа e грев кон смртта. Како што за секоја болест постои лекување, така и за секој грев постои покајание (Св. Серафим Саровски).

Пренесено од книгата “Господи, очисти ги моите гревови” Практичен прирачник за Светата Тајна Покајание и Исповед, Лесново, 2013

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаИСПОВЕДТА – СПАСОНОСНА СВЕТА ТАЈНА! (2)
Следна статијаБЕЗ ТОЧНА ТЕРАПИЈА, НЕМА ИСЦЕЛЕНИЕ…