МОЛИТВА ЗА ГОСПОДА – Свети Тихон Задонски

Исусе Христе, Сине Божји помилуј ме!
Биди храна и питие за мојата душа!
Биди извор за мојата жедна душа!
Биди светлина во моето помрачение!

Биди заштита во мојата скрб!
Биди радост во мојата тага!
Биди избавување на моето пленување!
Биди мир и покој за мојата зла совест!

Биди премудрост за моето безумие!
Биди избавител од моите клеветници!
Биди оправдание на моите гревови!
Биди осветување на мојата нечистотија!

Биди победа над моите непријатели!
Биди ми штит од моите гонители!
Биди ми избавител од Божјиот гнев!
Биди жртва за моите гревови!

Биди крепост во мојата слабост!
Биди живот во мојата смрт!
Биди ми совет во мојата недоумица!
Биди ми сила во мојата немоќ!

Биди ми вечен Отец, на мене осиротениот!
Биди судија на моите оскрбители!
Биди цар наспроти ѓаволското царство!
Биди ми водител на мојот пат!

Биди ми застапник во часот на мојата смрт!
Биди ми вечен живот после моето воскресение!

Исусе, Сине Божји, помилуј ме!

Претходна статијаНЕПРАВДАТА ГО ПРЕДИЗВИКУВА БОЖЈИОТ ГНЕВ!
Следна статијаЗа интимниот контакт на брачните другари во текот на пост (Отец Ивица Тодоров)