ЧЕТВРТА ГЛАВА

Неправдата е голем грев

НЕПРАВДАТА ГО ПРЕДИЗВИКУВА БОЖЈИОТ ГНЕВ

Божјиот благослов не e мала работа! Тоа e вистинско богатство! Сето она што има благослов e цврсто, не се урива. Она што нема благослов – пропаѓа.

Сите гревови имаат некое оправдување, а неправдата нема; го предизвикува Божјиот гнев. Страшно!

Оние што прават неправда како да ставаат оган на својата глава. Од една страна гледаш луѓе што прават неправда и воопшто не се грижат за тоа што од другата умираат нивните ближни.

Како може луѓето, и покрај тоа што прават толку неправда, да напредуваат? Прават тоа што прават, му ja отвораат вратата на ѓаволот, и затоа подоцна минуваат низ искушенија, ги снаоѓаат болести и слично на тоа, и уште ти велат:

Mоли се за мене да бидам добро”.

Повеќето зла што се случуваат произлегуваат или потекнуваат од направената неправда.

На пример, кога неправедно ќе се стекне имот, луѓето некое време живеат како господа, а подоцна сѐ што собрале го даваат по лекари.

Што вели псалмот:

“Малото богатство кај праведникот e многу подобро отколку големото богатство на грешниците” /Пс. 36,1б/.

Ветрот донесол, ветрот однесол. Сѐ што ќе соберат, исчезнува; сѐ одлетува.

Многу ретко, кај малкумина, се случува болестите, долговите и слично, да бидат искушенија испратени од Бога.

Тие ќе имаат чиста плата. Во таков случај се богатат, како Jов. Ho многу луѓе се разболуваат, страдаат, затоа што направиле некоја неправда.

Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од Старец Пајсиј Светогорец

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаСвети Јован Златоуст – ЗА ГНЕВОТ!
Следна статијаМОЛИТВА КОН ГОСПОДА – Свети Тихон Задонски