Само добрите дела го испраќаат човекот до престолот на Бога

Еден човек имал тројца пријатели. Двајцата од нив многу ги сакал, а кон третиот бил рамнодушен. Еднаш, тој бил обвинет за нешто што не го сторил и требало да се јави кај судијата.

– Кој од вас – им рекол тој на своите пријатели – ќе доје со мене и ќе сведочи перд судијата дека сум невин?

Првиот пријател веднаш се извинил:
– Јас не можам да дојдам со тебе – му рекол тој – бидејќи сум зафатен со други работи.

Вториот пријател го испратил само до судските врати, а третиот, кон кого бил рамнодушен, дошол со него пред судијата и се застапувал за него така ревносно што судијата веднаш го ослободил од обвинението.

Во овој свет секој има тројца пријатели:

ПАРИТЕ, РОДНИНИТЕ ИЛИ ПРИЈАТЕЛИТЕ , И ДОБРИТЕ ДЕЛА.

Првиот пријател, парите, човекот веднаш го напуштаат по смртта.

Вториот, пријателите и роднините, човекот го испраќаат до гробот.

САМО ТРЕТИОТ ПРИЈАТЕЛ, ДОБРИТЕ ДЕЛА, ЧОВЕКОТ ГО ИСПРАЌААТ ДО ПРЕСТОЛОТ НА БОГА.

ДОБРИТЕ ДЕЛА ОДАТ ПРЕД НЕГО И ИЗМОЛУВААТ МИЛОСТ.

Од книгата “Духовен семафор”.

Претходна статијаOтче Спиридоне, моли Го Христа Бога, да ги спаси душите наши!
Следна статијаТоа го прави совеста! (Свети Јован Златоуст)