Неблагодарност

Благодарноста подразбира себепринесување, сега и овде.

Таму каде што нема правилен подвиг, нема ни себепринесување. Каде што, пак, нема себепринесување односно благодарење на дело, нема ни co зборови, ни co мисли, ни co чувства.

И да се спучи благодарење co збор, без дело позади себе, тоа е само формално.

Постојано нешто не ни оди како што треба и постојано сме нешто незадоволни. И постојано некој друг ни е виновен за тоа; а, за големо чудо, никогаш ние самите.

Мислите ли дека можеме на ваков начин да учествуваме во Светата Тајна на Благодарноста (Евхаристијата), односно во светата Литургија?

.Ајде барем ние што се изјаснуваме како верни, малку да се смириме.

Ајде да почнеме да Mv благодариме на Бог барем за ситните нешта, за она што ни изгледа дека Тој е должен да ни го обезбеди.

На пример, да спомнам само дека повеќето од нас сме живи и здрави, барем толку што основните лични потреби можеме сами да си ги извршиме.

Не благодариме секојдневно за тоа оти мислиме дека тоа е ништо?

Сака ли да види некој од нас како би изгледало да го нема тоа? Вистина ви велам, кога случајно би го изгубиле здравјето, до толку, не би не интересирала никаква слава ни власт, никакви пари и никакви телесни задоволства, односно од сето тоа би се откажале само здравјето да си го вратиме.

Затоа, ајде да благодариме за ‘ситните нешта’, па да почнат очите да ни се отвораат и за ‘покрупните нешта’.

Оти еден ден навистина ќе треба Крстот да си го нарамиме на плеќи и на Голгота да се искачиме и таму, напуштени од сите, да бидеме распнати. Како тогаш ќе My благодариме на Отецот ако од сега не се научиме, од ‘ситните нешта’?

Како тогаш ќе влеземе во полнотата на себепринесувањето и на благодарењето, односно во полнотата на слободата и љубовта?

He верувам дека ова ве плаши, оти, го слушнавте денешното евангелие: „Ке настапи и време кога секој што ќе ве убие ќе мисли дека на бог My принесува служба” (Јован 16,2).

 

 

2011г

Митрополит Струмички Наум

Пренесено од книгата „Плодоносна девственост“

Претходна статијаПрави со мене што сакаш (Молитва кон Господа)
Следна статијаПрeп. Акакиј Синајски (Oд Православниот календар)