Во гревопаѓањето на првиот човек, иако срцето било победено повеќе од умот, сепак прво пострадал умот.
+++
„Во Адам умот не само што паднал, туку е и прв поразен и тоа што е поразено, на тоа спасението му било најпотребно“ – говори св. Григориј Богослов.
Тоа значи дека умот прв мора да биде очистен и обновен.
+++
„Во која мера човекот ќе го очисти својот ум, во таа мера тој ќе ја види славата Божја“ – говори св. Ефрем Сирин.
+++
„Бидејќи како што светлината во очите, соединувајќи се со сончевите зраци, постанува совршено светло и на тој начин овозможува поглед кон предметите, така и умот, постанувајќи едно со Господ, благодарејќи на тоа ги согледува духовните предмети“ – ни вели св. Григориј Палама.
+++
Очистувањето на умот во аскетиката се претставува како борба со ѓаволот. Преподобен Силуан Атонски за тоа ни говори:
„Умот со умот се бори – нашиот ум со умот на непријателот“.
+++
„Ако човекот не го користи умот, тогаш ѓаволот го користи“ – старец Пајсиј Светогорец.