А, Пресвета Богородица многу го сака Акатистот.

 


Затоа, ние заедно со Старецот, напамет го кажувавме додека работевме, два-трипати на ден.

Еве овде имам една книгичка со Акатистот во која на почетокот пишува дека нашата Пресвета Богородица им се јавила на многу свети и им ветила дека оној кој секој ден ќе го чита Акатистот, ќе го чува во овој живот, но и после смртта ќе се застапува за него пред својот Син.

Се разбира, основна е молитвата.

Доколку имаш расположение за неа, не ја прекинувај, таа содржи сѐ.

Доколку молитвата ослабне, тогаш читај го Акатистот.

Пресвета Богородица ја сака и молитвата „Богородице Дево“.

Понекогаш, кога ќе ја изговориш неколку пати, Пресвета Богородица ти дава благост која не може да се опише.

Старец Арсениј Исихаст

Претходна статијаТаа посредува за сите нас! Старец Јосиф Исихаст
Следна статијаСвети Амвросиј Оптински – ЕВАНГЕЛСКИТЕ ЗАПОВЕДИ ВАЖАТ ЗА СИТЕ ЛУЃЕ…