Старецот рече:

Оти, апостолот вели, „тие зборуваат дека Го познаваат Бога, а со делата свои Го одречуваат“ (Тит 1, 16).

Гледате ли дека луѓето се откажуваат од Бога и со делата, а не само со своите усти?

Дали некој од нас живее блудно, и дали врши прељуба?

Тој се откажал од Христа.

Дали некој го мрази својот сосед, и сака да му наштети?

– Тој отпаднал од Христа.

Дали некој краде? Дали го ограбува својот ближен?

– Тој отклонил од Христа.

Дали некој го залажува или му ласка на својот ближен?

– Тој повеќе не е Христов, туку преку сите овие нешта се приклонува кон непријателот на нашето спасение, и на тој начин не ги одржува ветувањата кои Му ги дал на Бога, а со тоа – Го лаже Бога.

Да ја испитаме, возљубени, нашата совест и нашиот живот. На чија страна сме, на Христовата или на онаа на Неговиот непријател?

На страната на доброто, или на злото?

Во лоното со спасените, или со изгубените?

Оној којшто не е со Христа, е Христов непријател.

Оти, и Самиот Христос рекол, „Кој не е со Мене, против Мене е“ (Мт. 12, 30).

Претходна статијаСТАНАВМЕ ЛЕГЕНДИ, А СЕ` УШТЕ СМЕ ЖИВИ! (Митрополит Струмички Наум   „Дневник“, 20 јануари) 2007.
Следна статијаОн ни го покажа човекот во неговите безгранични можности! (Старец Софрониј)