Прашање:

Старче, изгледа дека човекот нема љубов, туку намера за љубов. Ако е тоа вистина, тогаш кон што треба да се насочуваат неговите обиди за да возљуби вистински?

Старецот:

Човекот ја има од Бога благодатта да љуби, но тој дар го има во потенција. Дарот треба да стане дејствителен.

За да преминеме од потенција во дејствителност, секој од нас треба да се ослободува од себељубието, кое е болна егоцентрична љубов кон самите себе.

Светите Отци велат дека никој не може да биде богољубив и човекољубив, ако е себељубив. Следствено, целата борба е во тоа да се ослободиме од нашето себељубие, а тоа не може да се случи без многу подвиг и молитва, и без Божјата благодат.

Светителите го надминале нивното себељубие и затоа можеле вистински да ги возљубат Бога и човекот. Сега ние, пак, љубиме во мерата според која се ослободуваме од нашето себељубие.

Колку помалку сме себељубиви, толку повеќе вистински љубиме.

Колку повеќе сме себељубиви, толку помалку љубиме.

Борбата на христијанинот се состои во следново:

непрекинат бунт што треба да го прави против неговото јас, односно против неговиот болен егоизам, за да стане индивидуата личност.

Индивидуата станува личност, кога се отвара кон Бога и кон луѓето, односно кога е во заедница со Бога и со луѓето.“

Претходна статијаОколу кумството ! (На ваши прашања одговара свештеникот)
Следна статијаВнимавајте на себе! (Ава Мина)