ЗА ОТЕЦОТ ЈОВАН КРЕСТЈАНКИН

Неодамна од Пешкево-Печерскиот манастир ме повика мојот духовник, архимандрит Јован Крестјанкин и ми рече:

„Ете наскоро ќе умрам. Затоа потруди се, напиши го тоа што ти го паметиш и сакаш да го кажеш за мене. Затоа што после и така и така ќе пишувате сешто и сешто можете да измислите и тоа ќе биде како кај сиротиот отец Николај кој „воскреснувал и мачиња“ и што уште немаше.

А вака јас се ќе прегледам и ќе бидам мирен“.

Исполнувајќи го послушанието на мојот духовник, почнав да пишувам надевајќи се дека отецот сам ќе ја одвои пченицата од плевелот, ќе каже што сум заборавил, како и секогаш, и ќе ги исправи грешките кои што се појавиле.

Нема многу да пишувам затоа што мене ми значи отец Јован. Целиот мој монашки живот нераскинливо е поврзан со него. Тој беше и остана за мене идеал на православен Христијанин, монах, сакан и баран отец-свештеник.

Да се раскаже се што се случувало во текот на повеќе од 20 години колку што бевме во контакт, секако е невозможно. Неговите духовни совети секој може да ги прочита во трите зборници со писма кои неодамна излегоа.

Од моја гледна точка, тое е најдоброто напишано во областа на духовната литература во Русија во последните 50 години.

Но би сакал да ви раскажам нешто друго-она што мене ми е познато, а не според она што сум го чул.

Главна духовна особина на отец Јован за мене секогаш беше не само дарот на расудување, туку и непоколебливата вера во себлагата и совршена Божја промисла, која што ги води Христијаните кон спасение.

Во една од книгите на отец Јован како епиграф беа одбрани зборовите кои што тој често ги повторуваше:

„Најважно во духовниот живот – е вербата во Божјата промисла и расудувањето со совет“.

Еднаш како одговор на моите недоумици отецот напиша:

„Еве сега со внимание ги читам длабоките зборови:

„Човековотео срце го смислува овој пат, но Бог управува со неговото движење“- тоа на себе го проверил мудриот Соломон (гл.16, ст.9). и вие ќе се уверите во овој живот дека е тоа баш така и никако поинаку“.

Никому не му го наметнувам своето мислење, но длабоко сум убеден дека отец Јован е еден од оние малкубројни луѓе кои што живеат во наше време, и на кои Бог им ја открива Својата Божествена Волја и за конкретни лица и за настани, кои што се случуваат во црквата и во светот.

Сигурно тоа е одраз на најголема љубав према Бога и предаденост на Неговата света воља на која Бог како одговор на подвижникот христијанин им ги открива судбините на луѓето, и таквиот човек го прави свој пријател.

Пак повторувам, никому не му го наметнувам моето мислење до кое дојдов на основа на многу животни настани поврзани со отец Јован.

И не мислам само јас така. Моите најблиски духовни пријатели, сега покојниот отец Рафаел и игуменот Никита кои што ме запознаа со отец Јован во прв ред, тие благодареа на Бога затоа што тој човек е нивен духовник, човек кому му е откриена Божјата воља, и секој од нас тоа го осети на себе.

Иако за жал како што тоа често се случува во животот, ние дури и кога ја знаеме волјата Божја не наоѓаме сила и одлучност да ја исполниме. Но за тоа подоцна.

Со отец Јован се запознав во есента 1982 година, кога веднаш после крштевањето допатував во Пешково-Печерскиот манастир.

Мислам дека тој тогаш на мене не остави некој посебен впечаток:

Многу добар старец, многу силен (тој тогаш имаше само 72 години), постојано некаде брза и вечно е опкружен со мноштво следбеници. Другите жители на манастирот изгледаа аскетски построго и повеќе монашки.

Но помина многу малку време кога јас почнав да сфаќам дека тоа старче е оној кој во Русија од дамнина го нарекуваат старец, многу ретка и драгоцена појава во Црквата.

Доверба и послушание-тоа е главно правило во односот помеѓу христијанинот и неговиот духовен отец. Секако дека не можеме во односот спрема секој духовник да покажуваме потполно послушание.

Такви духовници се реткост. Тоа всушност е многу осетливо прашање.

Често се случуваат тешки духовни и животни трагедии, кога неразумните свештеници си вообразуваат дека старците, и нивните несреќни духовни чеда, земаат на себе не по своите сили и не својствено на нашето време, потполно и апсолутно послушание спрема нив.

Секако, отец Јован никогаш не диктирал и не ги принудувал луѓето да ги слушаат неговите духовни совети.

Кон слободното и без преправање послушание кон него човекот го приведуваат искуството и времето.

Тој никогаш себеси не се нарекувал старец. А кога му зборувале за тоа, тој ќе се насмеел и ќе речел дека денес нема старци, туку дека има само искусни старчиња.

Тој и до денес е со такво убедување, всушност исто како што и јас сум убеден во тоа, дека Бог во неговиот лик ми испрати вистински старец, кој ја познава Божјата воља за мене и мојата животна ситуација, во врска со моето спасение.

Се сеќавам, додека бев млад послушник, во манастирот ми пријде едед од следбениците Московјанин, и ми раскажа приказна на која тој бил сведок. Отец Јован опкружен со поклоници брзал низ манастрискиот двор кон Црквата.

Одненадеж му притчала заплакана жена со тригодишно дете на раце:

„Оче, благословете ја операцијата, лекарите во Москва бараат итно да се оперира.“

И тогаш се случило тоа од што беше потресен и поклоникот кој што ми раскажуваше за тоа и јас самиот.

Отец Јован застана и одлучно и рече:

„Во никој случај. Тој ќе умре на операционата маса.

Моли се, лечи го но не треба да се прави операција во никој случај. Тој ќе оздрави.“ и го прекрстил детенцето.

Седевме со поклоникот и се ужаснувавме од сопствените помисли, претпоставувајќи: што ако отец Јован погрешил?

Што ако умре детето? Што ќе направи мајката со отец Јован, ако се случи тоа?

Да се посомневаме во отец Јован за грубо противење на медицината, кое што иако ретко сепак се среќава во духовната средина, ние секако не можевме: знаевме многу случаи кога отец Јован и благословувал и убедувал за одење на операција.

Меѓу неговите духовни деца имаше и многу лекари. Ние со ужас очекувавме што ќе се случи понатаму. Дали во манастирот ќе се појави мајката совладана од тага и ќе направи скандал или такво нешто нема да се случи, како што предвиде отец Јован?

Судејќи според се така и било, затоа што отец Јован како и порано си го поминуваше својот секојдневен пат помеѓу црквата и келијата, опкружен со поклоници исполнети со надеж и со благодарност.

Нам единствено ни остана да претпоставиме дека отец Јован ја прозрел Божјата промисла во врска со детето, превзеде на себе голема одговорност за неговиот живот и Бог не ја посрами верата и надежта на својот верен слуга.

На овој случај се сетив десет години подоцна, во 1993 година, кога се случи многу сличен настан. Од една страна, по човечко гледање –трагичен, а од друга страна, по молитивте на отец Јован, послужил за вечно спасение на една христијанска душа и исто така претставува длабока поука за сведоците на овој случај.

Обично кога станува збор за цврста убеденост во исправноста и неопходноста од своите совети отецот би се трудел да наговори со совет, да убеди дури и да ги замоли луѓето да го исполнат она што тој го знаел, а што му е потребно на човекот кој што му се обратил.

Ако тој пак упорно настојува на своето, тогаш отецот обично би воздивнал и би рекол:

„Па што да се прави, пробајте. Правете како што знаете.“

И секогаш, колку што мене ми се познати сличните случаеви, оние кои што немаше да ги исполнат мудрите духовни совети на отец Јован, на крајот на краиштата за тоа горко ќе се покаеле, и по правило, доаѓале кај него следниот пат со цврста намера да го исполнат она што тој го кажува онака како што го кажува.

Отец Јован со постојана љубов и сочувство ги примал овие луѓе не жалејќи си го времето за нив, и со сите сили се трудел да ги исправи нивните грешки.

Во Москва живееше необична, интересна и исклучителна жена, Валентина Павловна Коновалова….

Таа беше вистински московски трговец, и може да се каже дека изгледаше како да слегла од слика на Кустодиев. Во почетокот на деведесетите имаше околу 60 години. Беше директор на голем трговски центар.

Полничка, со низок раст, седеше позади масата на работа и зад нејзиниот грб стоеше голема пластична вреќа со парите со кои што таа располагаше по свое мислење.

Своите вработени ги праќаше да купат товар на свеж зеленчук, му даваше на сиромашните и странците кои што во голем број доаѓаа кај неа во најзината продавница. Потчинетите се плашеа од неа, но ја сакаа.

Таа во Големиот Пост правеше општ собир токму во нејзината канцеларија на кој што се стравопочит присуствуваа и работниците од центарот, татари.

Често во тие години на немаштија кај неа навраќаа московските намесници, па и архиереите.

Некои од нив таа воздржано ги почитуваше, а спрема други, чие што мислење во врска со „екуменизмот“ не го одобруваше-беше лоша дури и груба. Многу пати по послушание сум патувал од Печора во Москва по храна за манастирот за Велигден и за Божиќ.

Валентина Павлован не примаше многу топло, мајчински, нас послушниците и ние се спријателивме. Уште повеќе затоа што кај нас омилена тема на разговор беше нашиот зеднички духовен отец Јован.

Отецот, внимавајте, беше единствениот човек на целиот свет од кого што Валентина се плашеше, бескрајно го почитуваше и го сакаше. Два пати годишно Валентина Павловна патувала во Печора со нејзините најблиски службеници, каде што постела и се исповедала.

И во тие денови не би можеле да ја препознаете кротка, тивка сртамежлива. Таа со ништо не потсетувала на „московската владетелка“.

Кон крајот на 1993 дојде до некои промени во мојот живот, бев поставен за намесник на подворјето на Пшково-Печерскиот манастир во Москва-сегашен Сретенски манастир, и доста време поминував по Печоре. Валентина Павловна ја болеа очите, ништо посебно, старосна катаракта.

Еднаш ме замоли да побарам благослов од отец Јован за отстранување на катарактата во Фјодоровскиот Институт. Одговорот на отец Јован малку ме зачуди:

„Не, во никој случај. Само не сега, нека помине некое време.“

Следниот ден буквално и ги пренесов овие зборови на Валентина Павловна. Таа многу се нревираше: во Фјодоровскиот институт веќе се било договорено. Таа му напишала на отец Јован опширно писмо, повторно барајќи благослов за ооперација, и му ја објаснила ситуацијата, дека сето тоа е ситница на која не треба да се обрнува многу внимание.

Отец Јован, секако, како и таа знаел што е тоа операција на катарактата, и дека таа не претставува голема опасност. Но откако го прочитал писмото на Валентина Павловна многу се вознемирил.

Ние долго седевме заедно и тој ме убедуваше дека е неопходно да се убеди Валентина Павловна да не оди сега на операција.

Тој повторно и напиша, ја молеше, по својот чин како духовник дури и и нареди да ја одложи операцијата.

Кај мене работите се одвиваа на тој начин што имав две слободни недели. Повеќе од десет години не бев бил на одмор, и затоа отец Јован ме благослови да одам на две недели во Крим, во санаториум, и обавезно со себе да ја земам и Валентина Павловна.

За тоа тој и напиша и во писмо, додавајќи дека треба да ја напарави операцијата после тоа, месец дена после одморот.

„Ако сега ја направи операцијата ќе умре“, тажно ми рече кога се поздравувавме.

Но во Москва сфатив дека „таа удрила со главата во ѕид“. Валентина Павловна, изненадно, веројатно за прв пат во нејзиниот живот, се побунила против волјата на нејзиниот духовник.

Патувањето во Крим одлучно го одби, но како што изгледаше после се смири. А што се однесува на операцијата беше крајно збунета, отец Јован поради некои ситници „да воведува забрана“.

Јас почнав да и раскажувам за патувањето, и за тоа дека набрзо треба да патуваме во Крим. Поминаа неколку денови, од Неговата Светост добив благослов за одмор, резервирав две карти, кои што не беше тешко да се добијат во ова врме од годината и го повикав центарот на Валентина Павловна за да ја известам за нашиот пат.

„Таа е во болница, на ооперација“- ми рече нејзниниот помошник.

„Како?! -повикав. Отец Јован тоа категорички и го забрани“.

Со воспостави дека пред неколку дена кај неа дошла некоја монахиња, и кога дознала за најзиниот случај со катарактата, затоа што била лекар, не се сложувала со отец Јован и решила да земе благослов од еден од духовниците од Троица од Сергиевата Лавра.

Добиле благослов и Валентина Павловна тргнала во Фјодоровскиот институт, решавајќи после брзата и воопшто не сложена операција, да тргне со мене на Крим. Ја подготвиле, но за време на операцијата, на ооперационата маса, дошло до тежок инфаркт и потполна парализа.

Штом дознав за тоа, веднаш го повикав манастирскиот домаќин во Печора, отец Филарет, стариот очев келијник.

Отец Јован во многу исклучителни случаеви се спушташе од својата келија кај отец Филарет и го користеше неговиот телефон.

– Како така можете, зошто не ме слушате?- само што не заплака отец Јован-Затоа што ако нешто тврдам, јас значи знам што правам!

Што можев да му речам?

Го прашав отец Јован што треба сега да правиме.

Валентина Павловна се до сега била без свест. Отец Јован рече да се земат од Црквата резервни Свети Дарови, и штом Валентина Павловна ќе со дојде при свест, веднаш треба да се појде кај неа да се исповеда и да се причести.

Со молитвите на отец Јован Валентина Павловна следниот ден се дошла при свест. Роднините веднаш ме известија за тоа и за половина час бев во болницата.

Ја донесоа Валентина Пваловна кај мене во едно од одделенијата за реанимација, на огромен подвижен метален кревет. Таа лежеше, сосема малечка, под белото платно.

Не можеше да зборува и кога ме виде само заплака. Но и без зборови мене ми беше разбирлива нејзината исповед и тоа дека подлегна на непријателско искушение во непослушание и недоверба према својот духовник.

Прочитав над неа молитва за разрешување и ја причестив. Се збогувавме. Следниот ден уште еднаш ја причести отец Владимир Чувикин.

Набрзо после причесната таа умре.

Според старото црквено предание, душата на човекот која што се удостоила за причест на денот на смртта, доаѓа до Божјиот престол без да ги помине митарствата.

Тоа им се случува или на големите подвижници, или на луѓето со исклучително чисто срце, но оние кои што имаат многу јаки молители.

Историјата на препородот на Сретенскиот манастир неразделно е поврзана со отецот архимандрит Јован. Таа 1993 година дојдов кај отец Јован со многу голем број на проблеми.

После долгиот разговор со отец Јован во неговата келија, отец Јован не ми рече ништо одредено, и ние побрзавме на сеноќна служба пред празникот на светиот архистратег Божји Михаил.

Јас се молев на клиросот, отец Јован во олтарот. Веќе бев спремен да се облечам и да одам на акатист, кога Јован во буквална смисла на зборот истрча од олтарот и земајќи ме за рака радосно рече:

Ти ќе го основаш подворјето Пшково на Печерскиот манастир во Москва.

-Оче, но Неговата Светост Патријархот не го благослови отворањето на подворјето во Москва, освен стравопигијалните манастири.

Неодамна еден манастир му се обрати на Патријархот со таква молба и Неговата Светост одговори дека доколку почнеме да го даваме манастирите во подворје на сите манастири кои што сега се отвораат, тогаш нема да останат парохојски цркви во Москва.

Но отец Јован не ме слушаше.

– Не плаши се од ништо! Оди право кај Неговата Светост и замоли го за отворање на подворје на Пшково-Печерскиот манастир. Тој срдечно, како што правеше секогаш, ме благослови и ништо друго не ми преостана, туку да ја бакнам неговата десница и да се предадам за се на Божјата воља и на неговите молитви.

Се се случи така како што рече отец Јован. Не без страв, му ја кажав мојата молба на Неговата Светост, Патријархот за отворање на подворје од епархискиот Пшково-Печерски манастир.

Но Неговата Светост одненадеш многу милозливо се понесе спрема оваа молба, ја благослови оваа одлука и веднаш го даде на разгледување спроведувањето на ова дело на владиката Арсениј и на отецот Владимир Диваков.

На тој начин во Москва се појави првото и единствено подворје кое што не беше ставропигијален манастир, а кое потоа, како што рече отец Јован, стана самостален манастир, и по Божјата милост никогаш не ја изгуби духовната врска со Печори, ниту пак со отец Јован.

Не треба да се споменува колку ни беа драгоцени и важни благословите и советите на отец Јован за основање на монашки живот во семејството.

Иако, морам да признаам, добивав не само нежни, туку и многу жестоки писма од кои по неколку дена не можев да се дојдам самиот на себе. Обично кога некој пишува сеќавања за отец Јован, тој споменува како е отецот благ, нежен, добар, преполн со љубав.

…….

Точно е тоа дека отец Јован безусловно ја почитува и и се потчинува на црковната хиерархија, но тоа не значи автоматско потчинување без размислување. Бев сведок на случај кога еден од намесниците на манастирот и архиереј кој што управуваше го убедуваа отец Јован да даде благослоза одредено решение со кое што отец Јован не се согласуваше.

Тоа беше непоходно заради додавање на авторитетот од старецот кон нивното решение. Му пристапија сериозно на отецот, како што се вели „со нож на грло“.

Монасите и свештениците можат да претпостават што значи тоа да се стои против притисокот на раководниот архиереј и намесник. Но отец Јован совршено мирно го издржа овој многудневен притисок.

Тој со почитување, стрпливо и кротко објасни дека не може да рече

„Го благословувам она за што нема согласност во мојата душа, доколку оние кои што управуваат мислат дека е сосема неопходно да се постапи баш така, тогаш тој без роптање ќе ги прифати нивното решение.

Тие одговараат за него пред Бога и пред браќата, но тој смета дека во одреден случај одредено решение се донесува сопред страсти тој тоа да го благослови- да го даде својот „благ збор“ (благо-слово-заб. на прев.) тоа не може.

Уште многу работи можат да се напишат, во прв ред затоа како се преобразувале и воскреснувале душите на луѓето при општењето со отец Јован, како луѓето наоѓале вера и спасение. Но сето тоа е поврзано со веќе здрави лица и затоа без нивна согласност не е можно раскажување на овие случаеви.

На крај би сакал да кажам уште нешто:

Му благодарам на Бога за тоа што Тој по својата милост ми даде мене грешниот, на својот животен пат да сретнам таков христијанин и да контактирам со него.

Мислам дека ништо повеќе од тоа немам сретнато во моите изминати годнини а веројтано нема да сретнам ни во останатото време од мојот живот.

Архимандрит Тихон (Севкунов)