).

 

ДАЛИ ПОСТОЈАТ СТАРЧЕ МАГИИ

– Дали постојат, старче, магии и може ли да нанесат толку зло?

– Дали постојат? Уште како постојат.
Но, врз кого делуваат?

Делуваат кај оние кои искушението ќе ги најде голи, без оружје.

– Значи, старче?

– Гол е оној кој нема врска со Црквата,
а невооружен е христијанинот кој нема допир со Христос и Светите Тајни, молитвата, исповедта, Светата Причест.

Прочитај го житието на свети Кипријан, ако сакаш да видиш како тој голем маг се понизил пред едно девојче Јустина. Кога сфатил дека магиите немаат влијание на христијаните, се одрекол и од сатаната и од магиите.

Станал христијанин, и тоа толку ревносен што заедно со Јустина пострадал за верата Христова.

Фактот дека твојата жена сè уште не одлучила да те напушти значи дека не сте сосема без оружје.

Но, за да се избавите од тоа искушение, потребен е поголем подвиг. Дај ми го името на твојата жена.

Посебно ќе ја спомнувам на литургиите и ќе се молам на бројаница секој ден.

Само од тебе барам повеќе.

Ќе се молиш и за себе и за својата жена, и редовно да се причестуваш.

Доколку твојата жена почне да те поддржува, готово е, ја придоби.

Во спротивно, барај долготрпение од Господ, додека Он Самиот не ја исправи.

Кажи ми, дали ги држиш постовите на Црквата?

– Ех, ги држам по малку.

– И тоа малку да го зголемиш.

Можеш ли во среда и петок да постиш без масло?

– Е, старче, не знам, оти работам малку потешка работа.

– Кога би ти го кажал нашето правило, ќе сфатиш дека ние овде работиме повеќе.

Нека биде: ако не можеш, пости макар со масло, не повеќе.

Меѓутоа, кога се причестуваш, во петок немој да јадеш со масло, и да се причестуваш најмалку на секои петнаесет-дваесет дена.

Кога би можел, ќе ти кажев и почесто. Ние тука се причестуваме три-четири пати неделно.

Старец Харалампиј како учител