ЧУДАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (извадок)

ЧУДО 58.

За еден што света Богородица го излекувала од раните добиени поради мало хулење на Бога

Имало некој човек материјално многу сиромав, а со душевни добрини богат.

Еднаш тој, одејќи по патот, си ја удрил ногата од еден камен и поради тоа толку многу се разлутил што на каменот му рекол:

,,Самиот ѓавол те донесол овде, а не човек!”

Штом го изговорил тоа, Бог веднаш го казнил со чудна казна (како што ги казнува добродетелните луѓе на овој свет за да не им се повреди душата).

Му се сторило како некој да му истурил врела вода врз главата и толку го заболело што ослепел и не можел да се подигне, па други го подигнале и го однесле дома.

Таму тој долго време лежел и целото тело му се покрило со рани, од кои течеле големи нечистотии, па никој не се доближувал до него, освен домашните.

Меѓутоа, и покрај тие болки, тој не си дозволил да негодува против Бога, но велел дека Бог ги накажувал оние што ги љуби.

Постел, малку спиел и се молел за оние што го надгледувале.

Бог го видел неговото трпение, па решил да го излекува. Прку ноќта, спроти Воскресение Христово, домашните отишле в црква, а тој останал сам во домот.

Кога го чул клепањето за радосното Воскресение, ја наведнал главата и почнал да Му се моли на Бога.

Молејќи се така, видел една благолепна жена, која, всушност, била света Богородица и која му рекла:

„Поради твоите добрини и големото трпение, Бог те послуша и те помилува.

Кажи им на твоите домашни да те однесат во црквата на света Богородица и да те остават пред нејзината икона да се молиш и ќе добиеш помош од Бога”.

Кога го направил она што му рекла пресвета Богородица, болниот наполно оздравел, си отишол дома радосен, им благодарел на Бога и на Мајката Божја.

Претходна статијаСтрашeн, страшeн, страшeн e Гoспoдoвиoт дeн!
Следна статијаУСПЕСИТЕ НА ДЕМОНИТЕ! (Кратка поука – Св. Нифонт)