ПРАВОСЛАВИЕ И МЕДИЦИНА

Здравје според Божјиот дар – Свештеник Родион Петроградски

…Затоа, од се досега кажано можеме да го извлечеме следниот заклучок. Господ допушта болести и неприлики на луѓето:

Прво – поради гревовите, поради нивно искупување, поради промена на порочниот начин на живеење, согледување на порочноста и сваќање дека земскиот живот е краток момент позади кој стои вечноста.

А каква ќе биде таа за тебе, зависи од твојот живот– честопати заради гревовите на родителите, се разболуваат децата (за жалоста поради децата да го разори нивниот безумен живот, и да ги натера да се замислат и променат).

Во тие случаеви, па колку и тоа сурово да му изгледа на современиот
секуларизиран човек (т.е., човек рамнодушен кон религијата), воспитан во духот на хуманизмот (дух кој го обоготворува телото и ги става неговите потреби и желби над се останато), вистински звучат зборовите:

Болеста е неопходна на таквите луѓе заради спасението!

Бидејќи Господ, пред сè, се грижи за спасението на грешната човекова душа и поради тоа човекот мора да постане ново битие, такво како што Бог го замислил, поради што треба да се промени, да се изчисти од страстите и пороците.

Бог и Христовите заповеди мораат да бидат темел на животот, а не привременото и минливо здравје, благосостојбата, изобилството на храна и облека.

Сè ова го претставува златното теле за кое древните Јудејци толку често го менувале својот предвечен Бог, Когошто современите христијани го продаваат за истото тоа златно теле;

Трето – честопати поради нашето смирение и за да не спречи да правиме лоши и погубни дела. Постои една таква приказна за Господ: еднаш Господ Исус Христос одел по патот и учениците виделе човек кој бил без нозе од своето раѓање како проси милостиња покрај патот и Го прашале:

„Зошто тој нема нозе?“ Христос им одговорил:

„Кога би ги имал со оган и меч ќе ја прегази целата земја“;

Четврто – често поради тоа со мала непријатност да нè избави од поголема, бидејќи ако ние во некоја дадена ситуација останеме здрави и дејствуваме како и обично, на нас би можело да ни се случи некоја поголема несреќа , а вака, отргнувајќи нè со болеста од секојдневниот колосек на животот, Господ нас нè чува.

Значи, христијанскиот однос кон болестите се состои од: )

1) смиреното прифаќање на волјата Божја

2) согледувањето на својата грешност и гревовите поради кои ни е
допуштена болеста;

3) покајанието и промената на начинот на живеење. Молитвата,
постот, милостињата и другите добродетели го прават Господ милостив и Тој на нас ни испраќа исцеление од болестите.

Ако пак и отидеме кај лекарите, молиме благослов Божји за лекување и им го доверуваме телото на лекување, а не душата.

Душата, освен на Бог, не ја доверуваме на никој друг.

Еве што за тоа ни пишува светиот Игнатиј Брјанчанинов:

„Телесното умирање се смета за болест и неволја, а исцелувањето од него, за посебно чудесно, за најголема добросостојба, малку грижејќи се за тоа дали оздравувањето е во корист на душата или во нејзина штета…

Добивајќи на чуден начин исцелување на болестите, многумина притоа не обраќаат внимание на милоста Божја и на својата обврска да бидат благодарни поради тоа, туку почнале да водат грешен живот, дарот Божји го употребиле за своја штета, се оддалечиле од Бога и го изгубиле спасението.

Поради таа причина чудните исцеленија ретко се случуваат, иако телесното размислување многу ги почитува и силно ги посакува.

Барате и не примате, бидејќи погрешно барате, за да трошите на вашите уживања (Јк. 4,3).

Духовниот разум поучува дека болестите и другите неволји кои Бог ги испраќа на луѓето, ги испраќа со посебна Божја милост, како горчливи исцелителни лекови за болестите, бидејќи тие допринесуваат за нашето спасение и вечната благосостојба многу по вистински отколку чудните исцеленија“.

Освен тоа, многу болести, како што претходно рековме во првото поглавие, настануваат како резултат на делувањето на нечистите духови. При тоа, резултатите од тие демонски напади стануваат слични на природната болест.

Така од евангелската приказна ни е познато дека згрбавената жена била мачена од духот на немоќта (Лк. 13, 11-16).

Таа не била бесомачна, но нејзината болест била предизвикана од нечистиот дух.

Во таков случај секоја лекарска способност постанува немоќна.

Затоа свети Василиј Велики ни вели:

„Како што не треба целосно да се избегнува лекарската способност, така не треба и единствено на неа да се полага целата надеж“.

Бидејќи таквите болести се исцелуваат само со силата Божја, преку изгонување на духот на злобата.

Одговарајќи на прашањето, може ли христијанинот да се лечи кај бајачите, чија природа на моќ ја одредивме како демонска, ќе наведеме цитат од Номоканонот:

„…Кој оди кај бајачите и самиот бае или се занимава со астрологија, или гата кај Циганки и доведува бајачи во својот дом поради исцеление на болниот, или нешто слично на тоа, пет години да не се причестува според 24 правило на Анкирскиот собор.

61 правило на Трулскиот собор таквите ги одлачува од причест на шест години, а свештениците ги расчинува“.

Исто така се одлачуваат на шест години и оние кои „ги слушаат оние кои имаат пророчки дух, кои научени од демоните ја претскажуваат иднината, кои поради главоболка и други болести се јавуваат на баби кои ги призиваат демоните поради помош и оздравување“.

Кажаното е крајно јасно. Преостанува само да додадеме  дека христијанинот кој се лекува кај екстрасенси или се обидува да ја дознае од нив иднината, го издава Христос.

Затоа што поради сомнително исцелување, и нездрава љубопитност во однос на иднината, стапува во контакт со нечиста сила…

 

 

ИЗВОРМанастир Св. Гаврил Лесновски
Претходна статијаАкo ти e Христoс вo срцeтo, тoгаш Oн ти e Бoг!
Следна статија„За оние кои се лекуваат од болестите со баење“.