Поука

Ете, на Закхеј му е простено среброљубието,

на блудницата – телесните гревови,

на разбојникот на крстот – разбојништвото

и на многумина други – , многу други гревови.

Зошто тогаш не би можело да се прости и одрекувањето на вистината, неверието, исмевањето на Бога Светиот Дух?

Затоа што таму има срам и покајание, а тука нема.

Таму човекот макар и да греши, сепак со срам и страв се сврзува со Бога.

А тука сите врски со Бога се прекинати и човекот безбожник бескрајно и потполно се оддалечил од Него.

Таму има слабост, тука – упорствување.

Таму душата скита во мрак, но барем жедува за светлина.

А тука душата скита во мрак и мракот го нарекува светлина.

Кога човек нема ниту најмала желба да се спаси, Бог не сака на сила да го спасува!

– Св. Николај Велимировиќ

Претходна статијаOд Свето евангелие според светиот апостол Матеј
Следна статијаВо срцето на човекот постои и зло и добро…(Свети Исаак Сирин)