Молитва благодатна

• „Светиот и наднебесен оган – вели свети Јован Лествичник – едни спасува заради нивната недоволна чистота, а други, напротив, просветува, бидејќи достигнале совршенство.

Истиот оган се нарекува и оган кој спалува и светлина која просветува. Затоа едни заминуваат од својата молитва како да излегуваат од вжарената печка, чувствувајќи извесно олеснување од нечистотијата и материјалноста;

други пак излегуваат просветени co светлина и облечени во двојна облека на смирение и радост. Оние, пак, кои по молитвата не чувствуваат ниту една од овие две дејства, се уште се молат телесно, a не духовно”.

Духовна молитва овде е наречена молитвата која ја поттикнува Божествената благодат, a телесна, онаа молитва, која човекот ја извршува co сопствен труд, без очигледна помош од благодатта.

Втората молитва е неопходна – како што тврди свети Јован Лествичник – за во одредено време да биде дарувана благодатна молитва.

Кои се знаците на појава на благодатна молитва?

Таа својата појава ја означува co натприроден плач, човекот во неискажливо исповедание влегува на вратата на светилиштето Божјо, своето срце.

• „Како што е невозможно да се види своето лице во матна вода, така и во душата, ако не се исчисти од туѓите помисли, е невозможно да се постигне духовна молитва” (изрека на старците).

Духовна молитва се нарекува благодатната молитва, кога умот, заради својата чистота и целосна насоченост кон Бог, се удостојува за соединување co Светиот Дух и стапува под водство на Светиот Дух.

Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов

Подготви Мина

Претходна статијаМолитва на мирјани – Господи Исусе Христе, помилуј ме! (Св.Игнатиј Брјанчанинов)
Следна статијаКорист! (Кратката молитва го собира умот) – Св. Игнатиј Брјанчанинов)