ПОКАЈНИОТ КАНОН

Песна прва

(Глас шести)

Ирмос. Како по суво газеше Израил по дното на морето и гледајќи го фараонот- гонител како се дави, извикуваше: победна песна да My пееме на Бога!

Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Јас грешниот и преоптоварен излегувам сега пред Тебе, мојот Владика и Бог. He смеам да погледнам кон небото, но само се молам и викам: Господи, дај ми расположба горко да плачам за моите гревови!

Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Од каде да започнам да ги оплакувам делата на мојот грешен живот? Како да го отпочнам, Христе, моето тажење, Ти си милосрден, дај ми прошка на моите гревови.

Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Спасителу, Ти ги исповедам своите гревови што сум ги направил и ги откривам раните на душата и телото мое, направени од грешни помисли.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Како Бог прости ми ги сите волни и неволни, јавни и скриени, свесни и несвесни гревови, – исчисти ме и спаси ме!

Сега, секогаш и во сите векови. Амин!

Пречиста Мајко Божја, погледни ме мене грешниот, избави ме од стапиците на ѓаволот и упати ме no патот на покајанието, та горко да ги оплакувам моите дела.

Песна трета

Ирмос. Нема свет како што си Ти, Господи Боже мој, Кој им даваш победи на Твоите верници, Благи, и ги утврдуваш врз каменот на Твојата вера. Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Го гледам морето на животот, разбранувано од бурите на искушенијата; доаѓам во Твоето тивко пристаниште и извикувам: Многумилостив Боже, избави ја од пропаст душата моја!

Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Кај Тебе доаѓам, Исусе, Ти згрешив, исчисти ме.

Симни го од мене тешкиот товар на гревот и, како Добросрдечен, дај ми солзи на умиление!

Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Немам солзи, ни покајание, ниту умиление. Спасителу, како Бог, Ти дарувај ми ги!

Слава… и сега…

Ете, Богородице, Твојот Син вика и нс поучува на добро, a jac грешниот секогаш бегам од доброто, но Ти Милостива, помилуј ме, за да се покајам за моите лоши дела.

Претходна статијаМолитва кон Господа!
Следна статијаУслишаната молитва на Милостивата Богородица!