Молитва кон Св. Василиј
ЗБРАТИМИ ГИ РАЗБРАТЕНИТЕ
„Свети Василиј, голем Божји човеку, помогни им на сите и на мене.
Голем бранителу на Православните, одбрани не нас, кои твојата Света вера ја држиме и со надеж ти пристапуваме.
Помоли му се на Бога за сите твои луѓе, па и за мене недостојниот последно.
Спаси не од бедата на видливите и невидливите.
Осветли ни ги патиштата и разложи ни ја тагата.
Со молитва и солзи ја загреваше ладната пештера острошка, па сега загреј ја нашата душа и срце со Божјиот дух, да се спасиме и да го славиме Бога семоќниот и тебе Светецу Божји.
Од сите страни на светот те притискаа, а ти помагаше, ги изгони демоните, ги раскинуваше врските со ѓаволите, и здравје душевно и телесно им даруваше на луѓето.
Така и сега помогни, на крстените и некрстените, како и секогаш, на сите, па и на мене,
смирувачу на скараните браќа,
збратими ги разбратените,
осветли ги тажните,
скроти го самоволните,
исцели ги болните!
Свети Василиј Чудотворе и Оче наш духовен, слушни ги и исцели ги чедата твои духовни во името на Христа Исус Господ наш.
Амин.