43. Колку може човекот да сфати од божествените тајни и од делата Божји?
Ha ова прашање ќе ви одговорам co зборовите на Светото Писмо: “Така се скриени и поголемиот дел од делата Негови” (Мудр. Сир. 16,21). Меѓутоа, до крајот според безграничната добрина Божја, сѐ ќе биде сторено познато на човека (Споредете co: Иса. 54, 13; 55, 5), само што треба да знаеме дека за Бога е преку Hero откриено на луѓето (Рим. 1,19).
Бог е неопфатлив и Неговите дела се неопфатливи (Jов 5, 9; 9, 10; 37, 544; Проп. 3, 11; 11, . Неговите судови се непоимливи за умот (Псал. 35, 6; Лука 13,4; Рим. 9, 33).
Човекот може да ги сфати тајните на Божјите творби според мерката на чистотата на својот ум и срце, бидејќи според сведоштвото на Василиј Велики, “овој свет е училиште на словесните души и училиште на богопознанието, давајќи им на оние кои сетилно гледаат поуки за набљудување на невидливото” (“Шестоднев”, Слово 1).
Преку набљудувањето на светот, на созданието, co духовна мудрост човекот Го познава Творецот (Рим. 1, 20; Иса. 40, 22; Псал. 18, 1). Небото и земјата ја кажуваат славата Негова (Псал. 18,1-4; 144, 10).
Добрината и великодушноста Божја се гледаат во Неговите дела. Неговата моќ повторно се гледа во Неговото создание (Псал. 18, 1; 110, 6; Иса. 48, 13; Рим.1, 20). Мудроста и Неговата слава се познаваат во Неговите величествени дела (Jов 37, 16; 38, 4; Псал. 8, 1; 85, 19).
Неговата правда се познава во Неговите дела; Неговата светост се познава во Неговиот Закон (5. Мој. 4, 8; Рим. 7, 12). Bo последните времиња, ни кажува Светото Писмо, “земјата ќе биде полна co познавање на Господа, како што водите го полнат морето” (Иса. 11, 9; Авак. 2, 14; Проп. 8, 17).
44. Што подразбираме под Божјата промисла, преку која Бог управува co Своето создание?
Божјата промисла ја претставува Божјата постојана грижа за Неговите созданија (Псал. 32, 13; 14, 15; 103, 10-30; 135, 25; Иса. 46, 4; Лука 12, 22; 1. Петр. 5, 7).
Свети Максим Исповедник вели дека “промислата и предразбирањето се потребни за cѐ да се твори. А свети Кирил Ерусалимски вели дека “Господ сѐ набљудуваше пред нивното создавање”.
45. Некои свети отци велат дека Бог управува co светот co две раце, односно co правдата и милоста. Како треба да ги сфатиме овие зборови?
Овие две раце на Отца, co кои Он го создаде видливиот и невидливиот свет и co кои сѐ управува, не се Неговата правда и милост.
Тие две раце на небесниот Отец се Синот и Светиот Дух, според сведоштвото на Светото Писмо, кое вели:
“Преку Словото на Господа се зацврстија небесата, и преку Духот на устата Негова – сите сили нивни” (Псал. 32, 6).
Ако, пак, некои свети отци некогаш ги нарекуваат “Божји раце” Неговите две особини и две совршенства, односно правдата и милоста, тие покажале дека co тоа Бог многу грижливо и co икономија го делотвори спасението и исправувањето на човечките души и го приведува целиот свет кон Својата слава и според Својата света и праведна волја.
Имајќи ги во вид овие две совршенства Божји, Светото Писмо нѐ учи дека треба повеќе да се плашиме од милоста Негова, отколку од правдата Негова.
Бидејќи ако ја повредиме Неговата правда, ќе трчаме под милоста Негова, а ако, пак, премногу згрешиме co преголемата надеж во милоста Негова, тогаш каде ќе трчаме за да ja задоволиме Неговата правда?
Затоа Светото Писмо нѐ предупредува, велејќи: “He говори:
‘Милоста на Господа е голема: Он ќе ми ги прости многуте мои гревови’; зашто и милоста и гневот се во него. Неговиот гнев се исипува врз грешниците” (Мудр. Сир. 5, 6-7).
46. Ако Бог раководи само co промислата, тогаш каква е вината на човекот кој греши несакајќи или од незнаење?
Бог го создаде човекот и го остави во рацете на своите произволности (Изрек. 2, 23; Сир. 15, 14).
Бог не е крадец, Он не ги крши вратите на нашата душа. Слушнете што вели: “Ете, стојам пред вратата и чукам.
Ако некој го чуе гласош Мој и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам co него, и тој co Мене” (Откр. 3, 20). Ha друго место, пак, покажувајќи го човековото самосовладување, вели: “и co оружјето на милоста Своја го закрилуваш” (Псал. 5,12).
Значи, човекот е слободен и не е принуден да чини добро, но поучен е да твори добро и да ги чува сите заповеди Христови (Мат. 28,20).
Ако, пак, погреши некој од незнаење, сепак ќе биде тепан, но помалку (Лука 12, 48; Рим. 2, 12).
И ако човек згрешил несакајки, нека се кае, и co намерно покајание да го излечи ненамерното (Мат. 11,20; Лука 17,3-4; 2. Кор. 7, 10).
Пренесено од книгата “Да ја претвориш туѓата болка во своја – Поуки на светогорскиот старец Пајсиј”
Подготви МИна Даниловска