Bo паднатиот свет мисијата на Црквата како спасение е да го пројавува светот прероден од Христа.

Суштината на паднатиот свет е тоа што во него царува разделеноста, одделеноста на секој од секого, која не ја совладува „природната” љубов на некои за некои и Koja торжествува и е исполнета во крајната “одделеност” – смртта.

Суштината на Црквата е пројавувањето и присуството на љубовта во светот како живот и животот како љубов.

Исполнувајќи се во љубовта, таа сведочи во светот за оваа љубов, му ја носи на светот и co неа „го лекува созданието” потчинето на законот на разделеноста и на смртта.

Во неа секоја личност таинствено се здобива co силата да „сака… co љубовта на Исуса Христа” (Фил. 1, и да биде сведок и носител на оваа љубов во светот.

Ho, тогаш и собирањето како Црква, пред се’, е тајна на љубовта

Ho, тогаш и собирањето како Црква, пред се’, е тајна на љубовта.

В Црква одиме за љубов, за таа нова љубов на самиот Христос, која ни е дарувана во нашето единство.

Одиме в Црква за таа Божествена љубов одново и одново да се „излева во срцата наши”, одново и одново да се „облечеме во љубов” (Кол. 3, 14), за да можеме, составувајќи го Телото Христово, да престојуваме во Христовата љубов и да му ја објавуваме на светот.,,“

(А. Шмеман)

Претходна статијаПријателот во неволја се познава…!
Следна статијаОГРОМНА ГРОБНИЦА – (Овој свет без Господ Христос – што е? Преподобен Јустин Поповиќ