ПРИМЕРИ НА ОПШТЕЊЕ CO CВEТИТЕЛИ
1. Bo еден град живеела богата, многу прочуена и набожна вдовица no име Клеопатра. Во тоа време, во тој град ја проповедал верата Христова некој проповедник по име Зар, кој тука по некое време маченички пострадал.
По наредба на неговите мачители, неговото тело било фрлено надвор од градот, ѕверови и птици да го растргнат. Клеопатра го зела скришум телото на маченикот, го пренела во својот дом и потоа co свои средства подигнала црква во спомен на светиот маченик Зар.
За време на првата света Литургија, при осветувањето на храмот, Клеопатра на колена се молела пред моштите на светителот, на неа и на нејзиниот единец да им испроси таква милост, која и на двајцата би им била од корист.
По осветувањето на храмот, Клеопатра приредила гозба за свештенството и народот, повикала сиромаси и бездомници и самата co синот, кој штотуку бил одреден за царска служба, усрдно ги служиле гостите.
Таа се радувала што направила добро дело. Но, на земјата нема трајна радост.
За време на гозбата нејзиниот син се разболел, го фатила некоја силна температура, легнал в постела и таа ноќ починал.
Каде сиромашката мајка да бара помош во таква неочекувана и толкава ненадејна болка?
Таа побрзала во новиот храм посветен на свети Зар, паднала на колена пред неговите мошти и капејќи се во солзи ja излила сета своја ожалостена душа.
Bo својата голема болка, таа почнала да му префрла на светиот маченик, што тој така и’ возвратил за нејзиното добро дело и почнала да го моли да ja земе неа, ако не сака нејзиниот син да и’ го врати. Долго време таа така плачела и се јадосувала сѐ додека не заспала.
Bo сон и’ се јавил маченикот Зар, држејќи го нејзиниот син за рака. Двајцата биле облечени во блескави алишта, co скапоцени венци на главите.
Светиот маченик и’ рекол на Клеопарта дека тој не го заборавил нејзиното добро дело, укажано на неговото тело и дека го молел Господа за нејзиниот син, да го приклучи кон соборот на ангелите.
Таа и самата при осветувањето на храмот, молела да и’ испроси од Бога она што би и’ било корисно за неа, за нејзиниот син и на Бога угодно. Тој ја исполнил нејзината желба.
Нека погледне на главата од својот син, тој е во групата на оние кои се пред престолот Божји. Зошто таа толку тажи и плаче? Зар не сака нејзиниот син да ужива во вечно блаженство, кое окото човечко го нема видено, и увото го нема слушнато и во срцето на човек не дошло (1 Кор. 2, 9)?
Ако не е така, нека го земе назад.
Но, синот нејзин тогаш цврсто се фатил за светиот маченик и и’ рекол на својата мајка да не се жали пред Бога, туку да се радува на неговото блаженство.
Toгаш Клеопатра воскликнала: О, блажени души земете ме и мене co вас! При овие зборови таа се разбудила и се вратила во својата куќа радосна.
2. Преподобниот Теодосиј, основач на монашкиот општожителен живот, на почетокот имал седум ученици. Знаејќи колку сеќавањето на смртта е корисно за оние кои сакаат да го поминат побожно животот, им заповедал на своите ученици да ископаат гроб, па тие гледајќи го гробот, постојано да го имаат сеќавањето на смртта пред своите очи.
Кога гробот бил готов, преподобниот дошол да го види. Откако го погледнал, тој им се обратил на учениците co зборовите: “Еве, деца, гробот е готов, а дали некој од вас е спремен да умре, да би се исполнил овој гроб?”
Еден од учениците, еромонах Василиј, во тој час паднал на колена пред старецот и молел благослов да умре и да го исполни гробот. Старецот ја одобрил желбата на Василиј и наредил над него, како над покоен, да се изврши помен во третиот, деветтиот и четириесеттиот ден.
По завршувањето на помените, Василиј се упокоил без никаква болест. По четириесеттиот ден од погребот, старецот Теодосиј го забележал во храмот покојниот Василиј. Тој стоел заедно co останатите монаси и пеел.
Старецот усрдно се помолил на Господа на браќата да им ги отвори очите, и тие да можат да го видат ова чудо.
Bo тоа време еден од браќата го забележал Василиј и потрчал во неговите прегратки, но овој исчезнал, велејќи:
“Спасувајте се оци и браќа, спасувајте се! А мене тука повеќе нема да ме видите”.
3. Еднаш св. Симеон Мироточив му се јавил на својот син Сава ноќе, во неопишана слава, co венец посветол од сонце и во придружба на многу свети лица, и му рекол:
“He жали и не тагувај мој возљубен синко, туку радувај се. По твојата молитва, Бог допушти да ти се јавам, да видиш каква слава Он приготвил за твојот родител.
Јас го примив она за кое ти ми зборуваше за време на животот и сега се радувам и се насладувам во неопишаните убавини.
Благословен да си од Бога, што си ми бил раководител во вечното блаженство и бесконачниот живот, оти твоите трудови и подвизи за мене, молитвата и милостињата, се излезени пред Бога и за нив те очекува голема награда.
Но пред тоа, тебе Бог ќе те обогати co благодатта и власта апостолска да сврзуваш и разрешуваш. Пред тоа, ти во епископски чин ќе ги просветиш своите сонародници, ќе ги научиш на вера и покајание и ќе ги приведеш кон Христа.
Ќе се поклониш и на светите места, каде што во тело одел нашиот Господ Исус Христос и каде што се случиле Неговите страдања за нас. Сето тоа ќе го нацрташ на таблиците на своето срце и за многумина ќе бидеш пример на добродетелност.
И сите заповеди Господови ќе ги утврдиш на непоколеблив темел во својата татковина.
Потоа ќе дојдеш кај нас и ќе се удостоиш co уште поголеми дарови: ќе се украсиш co двоен венец, како испосник и учител, ќе се удостоиш co бесмртно блаженство, co сите светии, до крајот на векот и ќе се насладуваш гледајќи ја Пресветата Троица (Атонски Патерик, Житие на св. Сава).
4. Пред смртта на свети Јован Златоуст, кога тој бил на молитва, преку ноќ, му се јавиле светите апостоли Петар и Јован и му рекле:
“Радувај се, пастире на словесните овци Христови, кроток страдалниче! Нашиот свет Владика Исус Христос нè испрати кај тебе, да ти помогнеме и да те утешиме во тагата и трудовите твои, кои заради чистотата на својата совест, си ги поднел, оти си ги изобличувал силните цареви, кои прават безаконие и co тоа си бил подржавател на Јован Крстител, изобличителот на престапниците на законот.
Заради тоа, издржи и бодри се, приготвена ти е награда во царството небесно. Ти ја соопштуваме големата радост: скоро ке отидеш кај Господа свој и ќе почиваш co нас вечно во Небесното царство.
Си им правел добро и на непријателите, завидливците си ги посрамил, ѓаволот – противник си го победил. А царицата Евдокија (по чија желба бил протеран во прогонство св. Јован) ќе ја разоруваат црвите и таа ќе те бара тебе да и’ помогнеш, но, нема да добие, и ќе умре во големи маки, по Божја казна”.
Потоа му дале нешто да касне велејќи:
“Прими го ова и изеди го и повеќе во тој живот да немаш потреба за друга храна, додека душата своја не ја предадеш во рацете Божји.
Свети Јован Златоуст го примил подаденото и го изел и се развеселил. Апостолите потоа си отишле од кај него. Нив ги виделе два свештеника и еден ѓакон, кои биле заедно co св. Јован во прогонство, ги слушнале нивните зборови и им се радувале co него (Житие на св. Јован Златоуст, 13. ноември).
5. По смртта на св. Јован Златоуст во градот Кукуз, епископот од тој град Аделфиј, го молел Бога co солзи да му ја открие задгробната состојба на св. Јован Златоуст.
Така еднаш кога се молел на Бога, тој во молитвен занес видел светли момчиња, кои го зеле за рака и го повеле некаде, да му го покажат пребивалиштето од светителот и црковните учители
. Епископот внимателно сето тоа го гледал, но никаде не го забележал св. Јован. Заради тоа, тажно пошол по младичот. При излегувањето од тоа место, еден од оние што биле на влезот го зел епископот за рака и го запрашал:
“Зошто од тука излегуваш ожалостен? Тука, кој тажен доаѓа, радосен си оди; a ти дојде радосен, а си одиш нажален?”
Епископот Аделфиј му одговорил: “Ожалостен сум, бидејќи co црковните учители не го видов мојот сакан Јован”.
На тоа тој му одговорил дека човек во тело не може да го види, оти тој стои пред Божјиот престол, заедно co херувимите и серафимите (Жит. на св. Јован Златоуст).
6. Ha некои родители им умрела ќерка, по име Агнија. Тие многу жалеле по умрената ќерка и ноќно време оделе на нејзиниот гроб да се молат. Една ноќ, тие виделе група на девојчиња во блескави златоткани облеки, осветлени co небесна слава, и меѓу нив и нивната ќерка Агнија.
Девојчињата поминувале покрај нив. Кога биле наспроти нив, од нивната група се издвоила Агнија и им рекла да ја почекаат. Таа им пристапила на своите родители и им рекла да не плачат за неа, како за умрена, туку да се радуваат, зашто таа co овие девојчиња, го наследила рајското живеалиште, за кое уште на земјата чезнеела.
Велејќи го тоа, станала невидлива.
Истата Агнија се јавила на Констанција, ќерката на царот Константин Велики, кога таа се молела на нејзиниот гроб за излекување од болеста.
И се јавила и и’ кажала да верува во Господа Исуса Христа, кој ja излекува од нејзините рани (Житие на св. Агнија, 21 јануари).
Пренесено од книгата “Задгробни тајни” од игумен Антониј