Манастир Свети Гаврил Лесновски

Детско катче

ПРАШАЊА КОИ ПРЕТХОДАТ ЗА ИСПОВЕД НА ДЕЦАТА

-Веруваш ли во Бога?

-Дали знаеш и веруваш во тоа, дека исповедта која ја извршува свештеникот ја слуша и ја прима Самиот Господ Исус Христос, Кој е невидливо присутен?

-Дали искрено жалиш за тоа што со своите лоши постапки си згрешил пред Бога, си ги нарушил Неговите свети заповеди?

-Дали се помири со сите, пред да дојдеш на исповед?

ПРВА ЗАПОВЕД

-Дали се молиш наутро и навечер, пред јадење и после јадење, пред почетокот и по завршувањето на секоја работа?

-Веруваш ли дека Бог гледа и знае сѐ, не само твоите дела, туку и мислите и тајните желби, гледа и дење и ноќе, дома и надвор од домот, со еден збор, секогаш?

-Дали се однесуваш секогаш во согласност со својата вера?

-Веруваш ли дека Бог ги создал сите луѓе и дека Тој е Создател на сѐ што постои, иако тоа многу луѓе го негираат?

-Го љубиш ли Бога?

-Дали се срамиш да ја признаеш својата вера пред другите?

Дали поради стравот од исмејувањето на другите си се одрекувал од својата вера?

 

Втора заповед

-Сакаш ли многу и неумерено да јадеш, особено чоколади, колачи и други слатки?

-Дали ги нарушуваш светите пости и посните денови: среда и петок?

-Дали се правиш важен, се гордееш со своите успеси во учењето, со богатството на твоите родители?

-Се трудиш ли во сѐ да бидеш прв меѓу врсниците? Сакаш ли тебе да те сметаат за најпаметен и најдобар?

-Сакаш ли да командуваш и да бидеш „главен“ меѓу своите другари?

 

Трета заповед

-Дали го изговараш напразно Божјото Име, во празни разговори и шеги?

-Се жалиш ли на животните потешкотии на своите родители или на вашето сиромаштво?

-Ѝм завидуваш ли на децата од богатите семејства?

-Му благодариш ли на Бога за болестите, непријатностите, неуспесите во животот?

 

Четврта заповед

-Те мрзи ли во недела и во празничните денови да одиш во црква?

-Сакаш ли да го посетуваш Божјиот храм?

-Дали трчаш во црквата, дали излегуваш од неа за време на службата, дали си дозволил себеси во црква да викаш, да се смееш или да разговараш?

-Сакаш ли да го читаш Светото Евангелие, духовните книги?

-Ги знаеш ли напамет молитвите „Отче наш“, „Богородице Дево“, „Верувам“?

-Сакаш ли да го минуваш времето безработно?

-Имаш ли страст во неумерено гледање на телевизија, видеа и филмови во кино, како и кон играњето на компјутерските игри кои ја разоруваат твојата, сеуште неутврдена вера во Бога?

-Тежнееш ли кон доброто учење?

-Се молиш ли на Господа да ти помогне во твоето учење?

-Ги учиш ли секогаш со внимание и усрдност домашните задачи?

 

Петта заповед

-Ги почитуваш ли своите родители, дали ги навредуваш со груби зборови и со својата непослушност?

-Ги уважуваш ли своите наставници и учители? Дали можеби си ги навредил или си бил непослушен?

-Дали совесно ги исполнуваш своите обврски во училиштето и во својот дом?

-Ги уважуваш ли постарите луѓе? Да не си ѝм се потсмевал? Да не си се подигрувал или си ги исмејувал сакатите, инвалидите, болните?

-Се трудиш ли да ги поправиш своите лоши навики и негативните црти на твојот карактер?

 

Шеста заповед

-Дали си кажувал грди и непристојни зборови, пцости и „мрсни вицови“?

-Дали во своето срце си задржувал злоба или омраза?

-Се трудиш ли да го утешиш твојот другар кога е огорчен или ожалостен?

-Дали можеби си измачувал животни или си ги убивал за забава

Ги сакаш ли луѓето како што заповеда Господ?

-Ѝм даваш ли колку што можеш на сиромашните, гладни луѓе? Дали ѝм помагаш на своите сиромашни другари од училиштето?

-Дали си навредил со зборови некој постар или некој свој врсник?

-Дали си се тепал или си навредувал послаби деца од тебе?

 

Седма заповед

-Дали си допуштил постапки за кои е срамно и да се зборува на било кого?

-Дали те интересираат филмовите кои се „само за возрасните“ – таканаречени „еротски“ филмови?

Дали си разгледувал порнографски весници и фотографии со непристојни слики на разголени луѓе?

-Дали имаш другари, кои те учат да играш карти, да пушиш или да пиеш алкохолни пијалоци или пак да пробаш некоја дрога? Дали си учествувал во овие гревови?

 

Осма заповед

-Дали кришум, без да прашаш си земал туѓи предмети?

-Дали си присвојувал некои пронајдени работи, некој изгубен документ, наместо на своите најблиски да ѝм го соопштиш својот пронајдок?

-Дали си буричкал во паричникот на своите родители?

Да не си земал од нив пари без прашање?

 

Девета заповед

-Имаш ли навика да лажеш? Дали ги лажеш родителите, браќата, сестрите, другарите

-Да не го прекрши даденото ветување?

-Да не си осудувал некого? Дали си раскажувал за маните на другарите?

 

Десета заповед

-Внимаваш ли на чистотата на своите мисли и желби?

Се трудиш ли да не ги повторуваш гревовите кои ги исповедаше на последната исповед?

-Дали завидуваш некому? Дали си бил незадоволен кога пред тебе некого ќе пофалат?

 

Заклучни прашања

Умееш ли да го цениш времето или го губиш во мрзеливост, гледајќи телевизија или скитајќи во дворот или по улицата?

Се трудиш ли секој момент од твојот живот да го употребиш за спасението на својата душа?

-Се подготвуваш ли искрено за причестувањето со Светите Христови Тајни? Веруваш ли дека свештеникот во Светата Чаша го изнесува самото Тело и Крв на Исус Христос, кој ти го дава да го вкусиш од Светата Лажичка(што е непоимливо за умот, туку само со вера во срцето)?

-Дали се каеш, т.е. дали имаш вистинска скрушеност, барајќи од Бога прошка за своите гревови?

ТРОИЧНИК