‘Обично луѓето промашуваат во животот затоа што им даваат предност на второстепените цели во својот живот.
Тие не го поставуваат обожението како прва и најважна цел. Тие не се преокупирани со вечните работи. Тие со целото свое срце се предаваат на второстепените цели и забораваат на „она единственото, кое е потребно“.
Денес луѓето непрестајно се зафатени и постојано „фантазираат“ – и можеби тоа е планот на ѓаволот, ако може да ги измами и избраните!
Последицата од ова е и луѓето (побожни) да го запостават своето спасение. На пример, денес мораме да учиме или читаме, и затоа немаме време да се молиме, немаме време да одиме на богослужби и немаме време за Светата Тајна Исповед и за Светата Причест!
Утре ќе мора да одиме на овој или оној собир или состанок, ќе мораме да ги исполниме општествените и личните должности и пак – нема да имаме време за Бога!
Задутре ќе мора да одиме на венчавка и да завршиме други семејни обврски, и пак нема да можеме да правиме духовни работи.
Всушност, ние со тоа, непрестајно му повторуваме на Бога:
„Те молам, прости ми… не можам да дојдам“!