Оние кои се крштеваат и се миропомазуваат се нарекуваат христијани, и затоа што се Христови ученици, но и затоа што го примиле помазанието.

Впрочем, едното не го одзема другото, затоа што сме ученици Христови преку благодатта што ја примаме co светите тајни.

Како што вели свети Никодим Агиорит, сите христијани можат да се нарекуваат помазаници Господови „како помазани co усовршувачкото помазание”, преку кое се објавува благодатта и заедницата на Светиот Дух.

Ако царевите, свештениците и пророците во Стариот завет се нарекуваат помазаници Господови, затоа што биле помазани co несовршениот елеј што беше образ, тогаш многу повеќе се нарекуваат помазаници Господови оние кои се помазани co светото миропомазание.

Евангелистот Јован пишува: „И помазанието што го примивте од Hero пребива во вас” (1 Јн.2, 27).

И апостолот Павле потврдува:

„Бог е Оној Кој нè утврди co вас во Христа и нè помаза; Он и нè запечати и ни даде залог на Духот во срцата наши” (2. Кор. 1, 21 – 22).

Помазанието преку Светиот Дух, кое се поврзува co озарението и просветлувањето на умот, е залогот на Духот, печатот Божји.

Второ.

Co крштевањето го примаме залогот на Духот, но го примаме co можност за усовршување.

Свети Григориј Палама вели дека како што бебето ја зема од своите родители можноста да стане маж и наследник на татковското наследство кога ќе дојде соодветната возраст, но ja губи ако во меѓувреме умре, истото се случува и co христијанинот.

Co крштевањето ја прима силата да стане син Божји и наследник на вечните блага, ако во мегувреме не умре од духовната смрт, којашто е гревот.

Според тоа, ако човекот ја загуби својата заедница co Бога, ако умре духовно, тогаш ја губи можноста што ја примил co крштевањето. Секако, благодатта не се губи, не го напушта срцето на човекот, но не го врши спасението.

Христос им даде заповед на Своите ученици да ги научат сите народи „крштевајќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, учејќи ги да пазат сè што ги научил” (Мт. 28, 19- 20).

Зборовите „крштевајќи ги” и „учејќи ги да пазат” го покажуваат начинот на кој човекот духовно се усовршува.

Трето. Кога благодатта на Крштението ќе се покрие од гревот, тогаш треба да следи крштението на покајанието и на солзите.

Монашкиот постриг се нарекува второ крштевање, затоа што е живот на покајание и на очистување, преку кое човекот достигнува до претходната слава.

Свети Григориј Ниски карактеристично вели дека и една солза на покајание има иста сила co водата на Крштението, суштински го враќа човекот во претходната состојба.

Секако, таа солза треба да биде во атмосферата на покајанието, како што учи и изразува Православната црква.

Христос се крсти за да го исполни Законот и да ја донесе Својата благодат во водата, во сета твар и во човекот. Значи, секому му ја даде можноста да ја стекне благодатта на синовството, да го стекне Богојавлението во својот личен живот.

Тоа јавување Божјо го сочинува богопознанието, а бидејќи богопознанието е егзистенцијално собитие, затоа и тоа го предизвикува спасението.

Пренесено од книгата “Господовите празници” од Митрополит Јеротеј Влахос

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаИследувај се сам себеси – кој си ти?!
Следна статијаПри Христовото крштевање се објави Света Троица!