ИКОС 2
Сакајќи да го разбере недостижното за разумот,
Дева кон Тајнослужителот повика:
‘Кажи ми како е можно Син
од чиста утроба да се роди?’
А тој со страв одговори ова велејќи го:
Радувај се, на Советот неискажлив Tајнице.
Радувај се, на оние молчание што бараат Веропазителке.
Радувај се, на чудата Христови Началнице.
Радувај се, на повеленијата Негови втемелителке.
Радувај се, Лествицо небесна по Која Бог слезе.
Радувај се, мосту што земните на небо ги возведуваш.
Радувај се, чудо многусловено од ангелите.
Радувај се, многуоплакан поразу на демоните.
Радувај се, Светлоста надумна Си ја родила.
Радувај се, начинот никому не Си му го открила.
Радувај се, Ти Која мудрите со разум ги надминуваш.
Радувај се, Ти Која верните со смисла ги просветлуваш.
Радувај се, Невесто Неневестна!