Благословувај ја, душо моја, возљубената Mајка на нашиот Господ Исус Христос, и се` што е во мене – Нејзиното свето име;
нема да ги заборавиме Нејзините добротворства, ниту милоста и Нејзините милосрдија; со Нејзината благодат се бришат гревовите и се исцелуваат болестите.

Благословувајте ја сите небесни сили;

благословувајте ја сите жители на небото и на земјата!

‘Ќе те фалам, Господарке, со сето свое срце,

зашто преку тебе Го најдов милостивиот и милосрден Исус Христос.

Слушни ги моите зборови и моите воздишки во овој ден кога Те призивам
и во овој час кога повикувам кон Тебе;

умножи ја духовната сила на верата во мојата слаба душа и во болките на срцето биди животворна утеха на срцето кое Тебе Те бара.

О, Владичице, какви добрини ми правиш!

Дај ми да живеам во мир под Твојот мајчински покров!’

Ќе те фалам, Господарке, со сето свое срце,

зашто преку тебе Го најдов милостивиот и милосрден Исус Христос.

Слушни ги моите зборови и моите воздишки во овој ден кога Те призивам

и во овој час кога повикувам кон Тебе;

умножи ја духовната сила на верата во мојата слаба душа и во болките на срцето биди животворна утеха на срцето кое Тебе Те бара.

О, Владичице, какви добрини ми правиш!

Дај ми да живеам во мир под Твојот мајчински покров!

 

Претходна статијаМолитва за својот духовник !
Следна статијаСите ги носат своите крстови и сите страдаат…!