Милостиви, погледни на овој дом, кој е вознемирен од ѓаволот и од неговите нечисти сили и зли духови.

Co Твојата семоќ на сила прогони ги и распрсни ги како прав no нечисти места за Твоите верни раби кои живеат тука да можат да останат неповредени во Твоја слава.

Зашто Ти не милуваш и спасуваш, Боже наш, и Тебе слава Ти оддаваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови.

Амин.

Потоа најстариот маж во домот го попрскува целиот дом co светена вода, велејќи:

Нека воскресне Бог и нека се распрснат непријателите Негови, нека бегаат однеговото лице оние кои Го мразат. Нека исчезнат од овој дом како што исчезнува чадот, како што се топи восокот од огнот; така нека загинат ѓаволите пред лицето на оние кои го љубат Бога и се осенуваат со крстниот знак.

Нека исчезнат сите ѓаволски магии и волшебни дејства, преку поросувањето на оваа светена вода, да се претворат во ништо и да исчезнат, во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Амин.

+ + +

Достојно е навистина блажена да Те нарекуваме Тебе, Богородице, секогаш блажена и пренепорочна, и Мајка на нашиот Бог. Почесна од Херувимите, и неспоредливо пославна од Серафимите, Бога Сповото нетлено што го Го роди, навистина си Богородица, ние Те величаме.

По молитвите на светите Отци наши, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј не`!

Претходна статијаДемонот е голем фалбаџија и сеирџија!
Следна статијаКако што телото без душа е мртво, така и молитвата без внимание е мртва…