Дома Молитви Молитва по светата Причест!

Молитва по светата Причест!

0
676

Молитва четврта

Твоето свето тело, Господи Исусе Хрисге, Боже мој, да ми биде за вечен живот, а Твојата скапоцена крв – за простување на гревовите.

Оваа Света причест да ми биде за радост – здравје и веселба. Во денот на Твоето страшно пришествие, удостој ме грешниот да застанам од Твојата десна страна, по молитвите на Пресвета Богородица и на сите светии. Амин!

Молитва петта

(Кон Пресвета Богородица)

Пресвета Владичице, Богородице, Ти си светлина на мојата замрачена душа, Ти си надеж, покрив, засолниште, утеха и радост моја.

Ти благодарам што ме удостои мене недостојниот да се причестам co пречистото тело и драгоцената крв на Твојот Син, Ти, Која си ја родила вистинската светлина, просвети ги духовните очи на моето срце;

Ти, Која си Го родила изворот на бесмртноста, оживотвори ме мене, умртвениот од гревови. Ти си милозлива Мајка на милостивиот Бог, помилуј ме;

дај умиление и смиреност на моето срце, смири ги моите мисли, повикај ме кога сум расеан. Удостој ме до последниот час неосудено да го примам осветувањето од пречистите тајни за исцеление на душата и телото.

Дај ми солзи на покајание и исповед, за да Те воспевам и прославувам во сите дни од мојот живот.

Ти си благословувана и прославувана во сите векови.

Амин!