Ирмос:

Врвотворецу на небесниот свод, Господи, и на Црквата Ѕидателу, утврди ме во љубовта Твоја, посакувано скончание, на верните утврдување, Единствен Човекољупче.

Застапништво и покров си на животот мој, Богородице Дево, води ме кон пристаништето Твое, извору на секое добро, тврдино на верните, единствена Севоспеана.

Ти се молам Дево, бурата на душевната расколебаност и маката моја смирени да бидат; зашто ти, Богоневестна, Христа, Началникот на Тишината, го роди, единствена Пречиста.

Слава: Добротворот, Кој извор е на секое добро, раѓајќи Го, на сите богатството на доблеста им го излеа, зашто семоќна си, родителке Богоблажена на Силниот во крепоста Христос.

И сега: Помогни ми, Дево, мене од лути болести страсни мачениот; зашто за неисцрпна и непотрошлива ризница на исцеление Те знам, Пренепорочна.

Катавасија:

Спаси ги од беди Твоите слуги, Богородице, зашто сите по Бога кон Тебе прибегнуваме, како неразрушлива тврдина и застапништво.

Погледај добросрдечно, севоспеана Богородице, на страдањето на моето тело и исцели ја болеста на мојата душа!

Претходна статијаНЕЧИСТИ ПРЕД БОГА!
Следна статијаНа земјата нема постојана непогрешивост …!