Случај за помнење
Оваа приказна ја напишав според зборовите на еден пациент.
„Роден сум во Москва, крстен како дете, но во црква немав навика да одам. Растев како здраво, темпераментно момче, на училиште се’ сфаќав веднаш, секогаш добро учев.
Се запишав на факултет, на студии по економија. Таму се почувствував слободен и најбезобѕирно грешев, тоа изгледаше сосема нормално.
Ha крајот на четврта година одеднаш станав многу зборлив, необично жив, не можев ни неколку минути мирен да седам, место не ме фаќаше.
Спиев по 2-3 часа дневно, нагло оспабев. По еден месец состојбата некако сама од себе стивна, можеби и зашто пиев лекови за смирување. Меѓутоа, есента истата година се’ пак ми се врати, но сега „наопаку”: ме фати депресија, не ми се живееше.
По настојчивите молби на родителите, отидов на психијатар чија дијагноза беше: манично-депресивна психоза.
Ми препиша повеќе лекови коишто морав да ги пијам скоро цело време. Страшно ми тежеше печатот на „лудак”. Се плашев за мојата душевна болест да не разберат пријателите и познајниците.
Некаде во тоа време првпат го пречекорив прагот на црквата. До Бог ме донесе болеста. Свештеникот, кај кого првпат во животот требаше да се исповедам, некако веднаш ми стана мошне близок.
Почнав да одам на служби, се причестував. Се’ во црквата ми се допаѓаше: и пеењето, и внатрешното уредување и лицата на поклониците… Се чувствував небаре по долго време раздвоеност, повторно да сум се нашол во Татковиот дом.
Ho потоа „се занесов”, добро се чувствував и некако се’ поретко одев во храмот и на исповед, a после и сосема се отуѓив од Црквата. Дипломирав.
Имав уште двапати напади на болеста. Ги пиев таблетките што ми ги препишуваше психијатарот…
И една вечер ми заѕвони телефонот.
Ја кренав слушалката и не им поверував на ушите – ми се јавуваше свештеникот. Како ми го нашол бројот? Тој ни презимето не ми го знаеше, ни адресата, само името!
Набргу зачуденоста ми ја замени едно чувство на топлина и мир во душата, не се опишува. Сетив како ми навираат солзи, a во главата co калеидоскопска брзина ми се роеја мисли:
Господи! Како можев Тебе да Те оставам?! Зошто престанав да одам во црква?!’
Ми беше многу срам. Но тоа беа само мои чувства. Свештеникот се интересираше да не сум болен и да не ми треба негова помош. Ми рече нешто обично и топло, ме благослови и се прости.
Замислете, за ништо не ме прекори, туку напротив, беше толку добар и срдечен.
He заспав скоро цела ноќ, многу размислував.
Гледајќи во иконите, се молев и плачев, барав од Господ да ми прости. Кон утрото ми дојде мисла дека морам да и’ се вратам на Црквата и да принесам длабоко покајание. Некаде имав прочитано дека една таква исповед се вика генерална, за цел живот.
Господ ме удостои да принесам токму таква исповед. Нема да ја опишувам својата душевна состојба во тој момент, ќе кажам само дека почувствував како некаков камен да ми падна од градите.
И… болеста се повлече. Во текот на неколку години практично бев здрав. Лекарите се чудеа. Не им се веруваше: ‘Можно ли е ова?’
И подоцна ќе ми се случеше да се обратам на психијатар за помош, но такви интензивни пројави на болеста, како порано, немаше. Покајанието е големо богатство што ни го дарувал Господ. Слава My на Бог за ce!”
* * *
Сиве години додека работам како лекар, и јас и многумина мои православни колеги се среќаваме co прекрасни, чудесни случаи на Божја помош на луѓето. Господ, Неговата Пречиста Мајка и светите угодници Божји по верата на луѓето што страдаат обилно им ја даваат својата исцелителна помош.
Поточно кажано, секој случај на исцеление е – голема милост Божја. Само како чудо и никако поинаку не може да се нарече преобразувањето на гревовните страсти кога, на пример, блудникот ќе почне да води пристоен, целомудрен живот, а алкохоличарот или наркоманот ќе најдат длабока вера, ќе се воцрковат.
He еднаш бев сведок како покајанието на мајката доведува до оздравување и дури до чудесно зачувување на животот на детето.
Bo текот на лекарската практика се сретнував co множество случаи на исцеление од болести неизлечиви од медицинска гледна точка, од најтешки заболувања.
Наведениов пример е само еден од многуте.
Прекрасни се делата Твои, Господи!
Пренесено од книгата “Униние и депресија” (Православен поглед) од д-р Дмитриј Александрович Авдеев