Благодатта го допре cpцето
Еден мој познат свештеник ми го раскажа следниов случај:
„Me повикаа да го осветам домот на една повозрасна брачна двојка. Излезе дека сосем скоро во сообраќајка им загинал синот. Смртта била моментална. Тој бил жртва практично на убиство co умисла.
На негово место можело да се најде кој било човек. На подивените пијани возачи им било сеедно кој е пред нив. Сатанската забава отишла предалеку. Човечкиот живот се претворил во играчка.
Родителите никако не можеле да се смират, потонале во жалост. Горчината на загубата особено тешко ја поднесувала мајката на загинатиот. Пријателите и роднините биле мошне загрижени за нејзиното здравје.
Мислеле дека може нема да ја издржи трагедијата. Почнала нагло да го губи помнењето. Освен мажот и една пријателка, никого веќе не препознавала. He можела ни да спие. Co еден збор, силите целосно ја издале.
Отслужив панихида на гробот на синот, која им ги стопли срцата на ужалените родители. Потоа долго разговаравме. Разговорот им помогна да се оспободат од солзите и страдањата што им се беа насобрале.
Откако го извршив осветувањето на домот, заедно се помоливме за упокојување на душата на нивниот загинат син, ги благословив и си отидов. Се договоривме за уште една средба.
Подоцна неколкупати ги видов во црква и разговарав co нив. Како што дознав, утрото по осветувањето на домот, мајката рекла: ‘Дома сум!`. И се вратило чувството за домашен спокој, за семејството.
Душата и се стоплила, и се подобрило самочувството. Набргу и’ се вратило помнењето и и’ се нормализирал сонот. Таткото на загинатиот исто така се почувствувал многу подобро.
Овој пример ни кажува многу. А најважното е дека пo благодатга Божја во душата на луѓето се вселил спокој, се вселила утеха. Милостивиот Господ и’ дал на мајката чувство на близина, на непосредно присуство, на молитвено општење co синот.
Затоа и’ го снемало чувството на пустота, убиственото чувство на ненадоместлива загуба и безизлез. Како што таа самата потоа велела:
‘Чувствувам дека е жив’. Тоа не било спомен, туку реално доживување. Благодатга Божја не и’ ја допрела само душата, туку и телесното здравје”.
Јас само ќе додадам дека според психијатриската терминологија во овој случај станува збор за реактивна депресивна состојба. Лекар би поставил ваква дијагноза и би препишал соодветно лекување.
Меѓутоа, духовната суштина на оваа состојба очигледно се пројавила по нивното обраќање кон Бог, по извршувањето на чинот на домоосветувањето и духовната храна што им ја дал пастирот.
Пренесено од книгата “Униние и депресија” (Православен поглед) од д-р Дмитриј Александрович Авдеев
Подготви М. Д.