Депресија кај адолесценти
Депресијата кај адолесцентите исто така се пројавува co опаѓање на расположението и co намалување на активноста.
Понекогаш се јавуваат мисли за сопствена пониска вредност, за немање способности. Речиси секогаш попушта успехот на училиште. Адолесцентот изгледа загрижено и отсутно. My се влошуваат апетитот и сонот.
Меѓутоа, ако дојде до промена на околностите, ако конфликтната ситуација се реши или ако се случи нешто убаво и радосно, симптомите на депресијата често сами од себе се повлекуваат. На овој план текот на депресијата кај децата и адолесцентите е релативно поповолен во споредба co возрасните.
Овде би забележал една негативна тенденција.
Адолесцентите меѓу 13-тата и 15-тата година често прибегнуваат кон алкохол, а сега се’ почесто и кон наркотици како кон средство за самолекување на депресијата.
Истражувањата покажуваат дека 17% од адолесцентите co нарушено расположение првпат доаѓаат на лекар откако веќе ја искусиле дрогата.
Мошне често депресивните пројави кај децата се покажуваат како соматски поплаки и болки. На пример, се покачува температурата, се јавуваат болки во стомакот, главоболки итн., што често укажува на душевната несреќа на детето.
Ќе наведам пример.
На разговор ми дојде бабата поради деветгодишната внучка. Нејзините родители често се расправале, правеле сцени и на крајот се развеле, таткото го напуштил семејството.
Ова е причината поради која девојчето добило бронхијална астма, а притоа немала ниту алергија, ниту промени во дишните органи, ниту пак, чести настинки.
Станува збор, значи. за неврогена варијанта на астма, причината за астматичните напади бил невротскиот конфликт.
Ова заболување е крик на детската душа.
Пренесено од книгата “Униние и депресија” (Православен поглед) од д-р Дмитриј Александрович Авдеев