Кога ја извршуваш молитва, правилото особено од книга, не се препуштај од збор на збор без да си ја почувствувал вистината, без да си ја сместил во срцето, туку постојано труди се, да ја чувствуваш вистинитоста на тоа што го кажуваш.

Срцето ќе ти се спротивставува – понекогаш со леност и скаменета бесчувствителност кон тоа што го читаш, понекогаш со сомневање и неверие, со некаков внатрешен оган и тескоба, понекогаш со расеаност и отклонување кон некакви земни предмети и грижи, понекогаш со припомнување на навреда од ближниот и со чувство на одмазда и омраза кон него, понекогаш со присеќавања на светските задоволства на читање на романите и воопшто на световни книги – но ти не биди самољубив, победувај го срцето, дај го на Бога како пријатна жртва:

Синко, дај ми го срцето (Изреки 23 : 26) и твојата молитва ќе се сроди , ќе те соедини со Бога и со целото небо и ќе се исполниш со Духот и со Неговите плодови: правда, мир и радост, љубов, кротост, долготрпение, срдечно умиление.

Посакуваш побрзо да звршиш со молитвеното правило за да му дадеш одмор на телото?

Срдечно помоли се и ќе заспиеш со најспокоен , тивок и здрав сон. Не брзај да се помолиш надве-натри – за половина час молитва ќе спечалиш цели три часа сон.

Брзаш за работа?

Стани порано, не се успивај – и помоли се усрдно – и ќе стекнеш спокојство, енергија и успех за целиот ден.

Срцето ти се стреми кон дела на животната суета?

Прекрши го. Неговото богатство нека биде не земната суета, туку Бог.

Научи го своето срце најмногу да се прилепува преку молитва кон Бога, а не кон световната суетата , та да не се посрамиш во деновите на својата болест и во часот на својата смрт, како богат со световна суета и сиромашен во верата, надежта и љубовта.

Ако не се молиш така, како што реков, нема да имаш успех во животот, вера и духовен разум!

Од “Мојот живот во Христа” изд. Св Вмчк. Георги Зограф-Света Гора

Претходна статијаПрашања до свештеникот – Ќерката, иако побожна, чувствува дека и е направена магија
Следна статијаПокажи ја Господе, Твојата милост, спрема мене грешниот!