Што мислите вие дека треба да одберам:

ДА БИДАМ ЛУТ НА БОГА ЗАРАДИ ОНА ШТО ГО НЕМАМ ИЛИ БЛАГОДАРЕН ЗА ОНА ШТО ГО ИМАМ !

Неговите животни мудрости ќе ве натераат да се закопате во столицата и да поцрвенете од срам, зашто сте ненаситни во своите желби.

Всушност, ќе ве натераат да сфатите, колку сте среќни такви какви што сте…

 

– Се` што би направил за себе самиот, направи го за другите луѓе.

Не треба да очекувате полза од вашите великодушни дела, но добрите дела може да те доведат до изненадувачки награди.

– Синдромот

– „Би бил среќен кога би го имал тоа и тоа…„ е масовно залажување.

Ако ја барате среќата во материјалните работи, никогаш нема доволно да ја имате.

– Можеби немам раце со кои би можел да и` ги држам рацете на мојата жена, но за да го држам срцето нејзино не ми требаат раце.

Нејзиното срце е она што сакам да го држам!

– Стравот е поголем хендикеп отколку да немате раце и нозе.

Долго време не бев спремен да се соочам дека она што навистина не е во ред со мене, не е моето тело, туку ограничувањата кои сум си ги поставил себеси.

– Што мислите вие дека треба да одберам:

ДА БИДАМ ЛУТ НА БОГА ЗАРАДИ ОНА ШТО ГО НЕМАМ ИЛИ БЛАГОДАРЕН ЗА ОНА ШТО ГО ИМАМ !

Претходна статијаЗа смирението на Павле Препростиот…
Следна статијаМу принесуваме се` Негово, Тој нам Себеси !