Од животот на Меланија Римјанка
СВЕТА Меланија основала манастир на Маслиновата гора во Ерусалим, со повеќе од деведесет девици. За игуменија поставила некоја која се издвојувала од останатите по зборовите и по начинот на живеење, додека таа самата за нив била слугинка според грижата и мајка според човекољубието.
Таа ги советувала за спасението со неискажливо смирение. Им зборувала и за послушанието и за послушноста кон старешините, што одржува ред во се’, дури и во животните работи, што царот го прави цар, а поданикот поданик.
Оној што ќе го прекрши послушанието, ќе го прекрши и поредокот и заедно со имињата ќе ги помеша и работите. И го додала следниот пример.
Еднаш некој отишол кај голем и познат старец, трудејќи се да стане негов послушник. Бидејќи уште на почетокот му кажал каков треба да биде ученикот, старецот му заповедал да тргне еден споменик што се наоѓал во близина.
Момчето послушало, и старецот го прашал дали споменикот се побунил и дали се налутил поради удирањето или поради клоцањето.
Ученикот му кажал дека такво нешто не се случило. Старецот повторно му наредил да го удри и потоа да го опцуе.
И тоа се повторило трипати, а споменикот останал споменик, бездушен и безгласен.
Најпосле старецот рекол:
„Ако можеш и ти да го издржиш реченото, т.е. да не противречиш ако некој ти прави зло, како овој споменик, дојди храбро да се поучуваш покрај мене.
Ако, пак, не можеш, немој да одлучиш да останеш со мене.“