Свети Јован Лествичник:
Ако крајна граница на стомакоугодие е во тоа со сила да се јаде и тогаш кога не се сака да се јаде, тогаш, секако крајна граница на воздржанието е во тоа, непослушната наша природа да се воздржува и тогаш кога гладува.
Ако врв на блудот се состои во тоа човекот да се излаже од похотта и спрема животните и спрема мртвите твари, тогаш врв на чистотата е – да се однесуваш спрема секое битие, како кон секоја твар безживотна.
Ако граница на среброљубието е никогаш да не престанеш да натрупуваш пари и никогаш да не се заситиш со нив, тогаш врв на доброволното сиромаштво е – да не го штедиш и своето сопствено тело.
Ако граница на унинието претставува да се нема трпение ни во потполното спокојство,
тогаш врв на трпението е кога човекот и покрај најголемите невољи да смета дека ништо не го вознемирува.
Ако врв на гневот е човек да се разлути и кога е потполно сам, тогаш длабока воздржаност е човекот да остане мирен без оглед дали се присутни оние кои го злоставуваат.
Ако тоа претставува врв на суетата човекот да се однесува суетно и кога нема кој да го пофали, тогаш несомнено знак на совршено неславољубие е при посетата на страсни луѓе никогаш да не ни се прикраде ни најмала суетна помисла.
Ако знак на пропаст (то ест Гордост), претставува да се гордееш и за беззначајни дела, тогаш спасоносна ознака на смиреност е да се мисли за себе смирено и покрај големие подвизи и успеси.
И ако обележје на целосна острастеност е човекот итно да се покорува на се што ќе му посеат демоните тајно во неговата душа, сметам дека обележје на света бесстрасност е кога човекот може искрено да рече со Давид:
Развратно срце нема да се прилепи до мене, за лукавиот не сакав да знам (Пс. 100,4), ниту како, ниту зошто дојде, ниту како појде, туку потполно сум рамнодушен кон сето тоа, бидејќи сум и ќе бидам соединет со Бога…