За единаесеттиот член од Символот на верата
363. Што подразбираме под воскресение на мртвите?
Воскресението на мртвите, кое, согласно на Символот на верата го очекуваме, е дејство на Божјата семоќ преку која сите тела на починатите луѓе повторно соединувајќи се co нивните души, ќе оживеат и ќе бидат духовни и бесмртни.
Се сее тело душевно – воскреснува тело духовно (1 Кор. 15, 44). Зашто распадливото треба да се облече во нераспадливо, а смртното – да се облече во бесмртно (1 Кор. 15, 53).
364. Може ли телото да воскресне?
Телото кое истлејува во земјата и се распаѓа, ќе воскресне co оглед на тоа што Бог во почетокот од земјата создал тело и истото може да го обнови, иако тоа се распаднало во земјата.
Апостол Павле тоа го објаснува преку пример на посеано зрно кое истлејува (се распаѓа) во земја, но од кое, потоа, израснува трева или дрво: тоа што го сееш, нема да оживее, ако не умре (I Kop. 15, 36).
365. Дали ќе воскреснат сите?
Сите умрени ќе воскреснат, a на оние кои во времето на сеопштото воскресение ќе останат живи, сегашните груби тела за миг ќе им се променат и ќе станат духовни и бесмртни.
Сите нема да умреме, но сите ќе се измениме. Одеднаш, во еден миг, при последната труба; ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нараспадливи, а ние ќе се измениме (1 Кор. 15, 51-52).
366. Кога ќе се случи воскресението на мртвите?
Воскресението на мртвите ќе се изврши на крајот на овој видлив свет.
367. Како ќе се заврши видливиот свет?
Овој тленлив, распадлив свет ќе се заврши на тој начин што ќе се преобрази во нетлеен. И самата твар ќе се ослободи од ропството на распаѓањето при славното ослободување на синовите Божји. (Рим. 8, 21).
Очекуваме нови небеса и нова земја, каде суштествува праведноста (2 Птр. 3, 13).
368. Co посредство на што ќе се преобрази светот?
Светот ќе се пробрази co посредство на оган. A сегашните небеса и земјата, co истото слово се запазени и се чуваат за оган go денот на судот и погибелта на безбожните луѓе (2 Птр. 3, 7).
369. Bo каква состојба пребиваат душите на умрените до сеопштото Воскресение?
Тие живеат во следнава состојба: душите на праведниците во светлина, покој и предназначение на вечното блаженство, а душите на грешните – во сосема спротивна состојба.
370. Дали душите на починатите праведници пребиваат во полно блаженство?
Душите на праведните не добиваат полно блаженство веднаш пo смртта, затоа што е назначено целосната награда за своите дела секој човек да ја прими no воскресението на телото и по Последниот Божји суд.
Апостол Павле вели: понатаму ме очекува венецот на правдата, што ќе ми го gage во оној ден Господ, преведниот Судија; но не само мене, туку и на сите кои се радуваат на Неговото доаѓање (2 Тим. 4, 8).
И уште: зашто сите ние треба да се јавиме пред Христовиот суд. Та секој да прими што заслужил, според она што го извршил во телото свое, било добро или зло (2 Кор. 5, 10).
371. Од каде знаеме дека душите на праведните живеат во состојба на почеток на целосното блаженство?
Пред Последниот суд на праведните им се дава зачеток на блаженството, согласно на сведоштвото на Самиот Господ Исус Христос, Кој во парабола (приказна) вели дека праведниот Лазар веднаш по смртта бил однесен во крилото Авраамово (Лк. 16, 22).
372. Bo што се состои тоа блаженство?
Тоа блаженство е соединето co лицезрение на Самиот Исус Христос. Особено така се случува co светиите, како што ни посочува апостол Павле: сакам да умрам и да бидам co Христос, бидејќи тоа е многу подобро (Флп. 1, 23).
373. Bo што е надежта на душите на верните кои не успеале да принесат плодови на покајание?
За душите кои умреле co вера, но кои не успеале да принесат плодови достојни за покајание, треба да забележиме дека за достигнување на блаженото воскресение можат да им помогнат молитвите кои ние ги вознесуваме за нив, a особено оние кои се соединети co принесување на Бескрвната жртва на Телото и Крвта Христови, а исто така, можат да им помогнат и добрите дела кои ние би ги извршувале во нивно сеќавање.
374. Тоа учење се темели на постојаното (непроменето, непрекинато) Предание на Православната Католичка (Соборна) Црква, чиј почеток го гледаме уште во Старозаветната црква. Јуда Макавејски принел жртва за умрените воини (2 Мак. 12, 43).
Молитвата за починатите е секогаш неизбежен дел од Божествената Литургија, почнувајќи од Литургијата на апостол Јаков. Свети Кирил Ерусалимски вели:
„Преголема ќе биде ползата за душите, за кои молитва се вознесува во времето во кое се извршува светата и страшна Жртва” (Тајноводствено поучување, 5, гл. 9).
Свети Василиј Велики во молитвите на Педесетница вели дека Господ соизволува да прима од нас молитвени умилостувања и жртви „за оние кои се во Адот” co надеж за нивен „мир, прошка и слобода”.
Пренесено од книгата “Православен катихизис” од Свети Филарет Московски
Подготви Мина Даниловска