Поимот „христијанска надеж”, неговата основа и неговите средства
383. Што значи поимот христијанска надеж?
Христијанската надеж е успокојување на срцето во Бога co увереност дека Тој непрестајно се грижи за нашето спасение и ни го дарува ветеното блаженство.
384. Врз што се заснова христијанската надеж?
Христијанската надеж се темели на тоа дека Господ Исус Христос е нашата надеж (Тим. 1, 1). Утврдете ја вашата надеж целосно во благодатта која ќе ви биде донесена ири откровението на Исус Христос (1 Птр. 1, 13).
385. Како да стекнеме христијанска надеж?
Средства за добивање на спасителната надеж се: молитвата, вистинското учење за блаженството и вистинското следење на тоа учење.
За молитвата
386. Дали во Светото писмо наоѓаме сведоштво за тоа дека молитвата е средство за стекнување надеж?
Од Божјото слово имаме сведоштво за тоа дека молитвата е средство за добивање на спасителна надеж. Самиот Господ Исус Христос co молитвата ја соединува надежта да се добие она што го посакуваме: што и да посакаше од Отецот во Мое име, ќе ви го направам, за да се прослави Отецот преку Синот (Јн. 14, 13).
387. Што е молитва?
Молитвата е вознесување на умот и срцето кон Бога. Тоа вознесение се остварува преку благоговејни слова на човекот кон Бога.
388. Што треба да правиме додека се молиме?
Христијанинот, вознесувајќи ги умот и срцето кон Бога, треба да го прави следново.
Најнапред, да Го прославува заради Неговото Божествено совршенство, како второ, да My благодари, поради Неговите благодејанија, и, како трето, да ги проси од Hero своите потреби.
Затоа, постојат три главни начини на молитвословија: славословие, благодарење, прозба (измолување).
389. Можеме ли да се молиме без да употребуваме зборови?
Можеме да се молиме и без слова – co умот и срцето. Пример за тоа ни е пророкот Мојсеј, кој така се молеше пред преминот на Црвеното море (2 Мојс. 14,13).
390. Co какви називи можеме да ја именуваме молитвата?
Молитвата која се принесува без зборови ја нарекуваат духовна или умна и срцева – co еден збор внатрешна молитва, додека, спротивно на тоа, молитвата која се произнесува co зборови и се спроведува co други знаци нa вера и љубов, се нарекува усна – надворешна молитва.
591. Дали може да постои само надворешна молитва, без содејство на внатрешна?
Може да се случи да се пројави и надворешна молитва, без внатрешна. Имено тоа се случува кога некој произнесува молитвени слова без внимание и без срдечност.
392. Дали молитвата која е всушност само надворешна може да биде доволна?
Исклучиво co надворешна молитва не само што не може да се добие благодат, туку таа, без соучество на внатрешната молитва Го разјарува Бога. Бог покажува негодување кон таквата молитва:
Овој народ се приближува дo мене co устата своја и co усните Me почитува, a срцето негово стои далеку од Мене; но напразно Me почитува, оти проповеда човечки повелби (Мт. 15, 8-9).
393. Дали е доволна само внатрешната молитва?
Дали има смисла да се прашува: доволна ли му е на човек само душата без телото?
За тоа е сосема бесполезно воопшто и да се говори, бидејќи Бог благоволил да го создаде човекот од душа и тело. Па така, бесполезно е да прашуваме и дали на човек му е доволна само внатрешна молитва, без содејство на надворешна.
Имајќи душа и тело, треба да Го прославуваме Бога во нашите тела и во нашите души, кои се Божји, така како што е природно, за од изобилието на срцето да говорат усните.
Нашиот Господ Исус Христос бил духовен во најголем степен; но и Тој Својата духовна молитва ја манифестирал и co зборови и co движења на телото: понекогаш, на пример, co подигнување на очите кон небесата, а понекогаш co приклонување на колената и лицето кон земјата (1 Кор. 6, 20; Мт. 12, 34: 26, 39; Јн. 17, 1; Лк. 22, 41).
Пренесено од книгата “Православен катихизис” од Свети Филарет Московски