Псалм 1 (Блаженства) – Св. Ефрем Сирин
Блажен е онoј, коj во Господа станал потполно слободен од сé што е земно во овој суетен живот и Го возљубил единиот, благ и милосрден Бог.
Блажен е оној, кој станал вршител на добродетели[1] и како плодоносна нива принесува обилни плодови на животот во Господа.
Блажен е оној кој, стоејќи на служба Божја, на молитва, секој час, како Ангел небесен, има чисти помисли и не му дава пристап на лукавиот, да не му ја пороби душата и да го одвои од Бога Спасителот.
Блажен е оној, кој ја љуби светињата (чистотата)[2] како светлина и не го осквернавил пред Господа своето тело со срамни дела на лукавиот.
Блажен е оној, кој во себе носи непрестајно сеќавање на Бога, затоа што таквиот на земјата е како Ангел небесен, непрестајно свештенослужејќи Му на Господа со страв и љубов.
Блажен е оној, кој го возљубил покајанието, спасоносно за грешниците, и не се насладува со гревот, да не се покаже неблагодарен пред Спасителот, нашиот Бог.
Блажен е оној, кој подобно на храбар војник, чувар на царските ризници, ја чува својата душа и дело беспрекорни во Господа.
и со устата го песмослови Оној, кој има власт над секое живо битие.
Блажен е оној, кој станал подобен на Серафим и Херувим и никогаш не е мрзелив за духовно свештенослужење, незамолкнувајќи, славословејќи Го Господа.
Напомена:
1. Добродетел – доблест
2. Чистота – целомудреност