Дома Духовност За Светата тајна Брак ! (Православен катихизис)

За Светата тајна Брак ! (Православен катихизис)

0
1019

(фотографија: Нашите брат и сестра се венчаа во Христа)

За Светата тајна Брак

358. Што е бракот според учењето на Црквата?

Бракот е Света тајна во која при слободно ветување пред свештеникот и пред Црквата од страна на младоженецот и невестата за нивната сопружничка верност се благословува нивниот сопружнички сојуз, во образ на духовниот сојуз на Христос co Црквата, и им се испраќа благодат на еднодушност за благословено раѓање и христијанско воспитување на децата.

359. Зошто Бракот е Света тајна?

Дека Бракот е Света тајна е видливо од следните зборови на апостол Павле:

Поради тоа човекот ќе го остави татка си и мајката своја и ќе се придружи кон жената своја, за обајцата ќе бидат една плот. Оваа тајна е голема. Јас ви зборувам за Христа и за Црквата (Ефес. 5, 31-32).

360. Дали е задолжително сите да стапуваат во Брак?

He, не е задолжително сите да стапуваат во Брак.

Девственоста е подобра од сопружништвото, се разбира доколку некој може во чистота да ја сочува.

Токму затоа Господ Исус Христос рекол:

He сите ги разбираат тие зборови, а само оние, на кои им е дадено… Кој може да прими, нека прими (Мт. 19, 11-12).

И апостол Павле вели:

А на неженетите и на вдовиците им велам:

обро ќе им биде, ако останаш како јас. Но,ако не можат да се воздржат, нека се женат и мажат, бидејќи е подобро да се женат и мажат, отколку да се возбудуваат…

Неженетиот се грижи за Господовите работи, – како да My yгоди на Господа; a женетиот се грижи за световните работи – како да и’ угоди на жената…

Оној, кој ја омажува својата девојка, добро прави; a оној, што не ја мажи, подобро прави (1 Кор. 7, 8-9; 7, 32-33; 7, 38).

Пренесено од книгата “Православен катихизис” од Свети Филарет Московски