10. Твојот пост да биде според твоите сили и пред Божјото лице…

Тој ќе ги очисти твоите гревови и безаконија, душата твоја ќе ja направи воздржлива и издигната, ќе ти го освети умот и ќе ги одгонува бесовите од тебе и ќе те приближи до Бога.

Јади еднаш на ден, а вторпат и не посакувај да јадеш, за да не трошиш многу и да не го заматуваш твојот ум. Ползата од постот, значи, е и во тоа што секогаш ќе ти останува нешто за правење на добри дела и што ќе можеш да ги умртвуваш телесните страсти.

Но, ако има кај тебе некои од браќата и ќе има потреба да јадеш и втор и третпат, не помрачувај го твоето лице и не измачувај се, туку радувај се што ти се дала можност да им послужиш на тие твои браќа.

И кога тогаш ќе јадеш по втор и третпат, благодари My на Бога затоа што си го исполнил законот на љубовта и затоа што Самиот Бог ќе се грижи за тебе и за твојот живот.

Понекогаш доаѓа и болест и телесната болест и непоштедност ќе бараат од тебе да јадеш двапати и трипати, па дури и повеќе пати на ден. Тогаш нека не те вознемируваат твоите помисли.

Зашто, не е неопходно строго да ги држиме нашите телесни подвизи и за време на болеста. Тогаш се разрешуваме по одобрение на нашиот духовен отец од сите строги телесни подвизи, за да можеме брзо да закрепнеме телесно и да ги продолжиме пак сите наши подвижнички подвизи.

A пo однос на тоа од кои јадења треба да се воздржуваме, словото Божје не ни забранува ништо да јадеме.

Тоа вели: “Се’ што се продава на пазар, јадете без какво и да било испитување поради совеста” (1. Kop.10, 25).

И во Стариот завет: “Се’ што се движи и живее, ќе ви биде храна; сето тоа ви го дадов, како што ви го дадов зеленото растение” (1. Мој. 9,3).

И уште: “Она што влегува во уста не го осквернува човекот, туку она што излегува од устата, тоа го осквернува човекот” (Матеј 15,11).

Затоа, воздржувањето од некои јадења да биде секогаш дело на нашиот слободен избор и самоволен подвиг на нашата душа.

Пренесено од книгата “Добротољубие” Том II (Авва Евагриј)

Претходна статијаБОГ НЕМА ДА ГО ОСТАВИ ТАКВОТО МИЛОСРДИЕ БЕЗ ПОКАЈАНИЕ!
Следна статијаУспение на Пресветата славна владичица наша Богородица и Приснодева Марија