ТРЕТИ НАСЛОВ
Како треба да се каеме
ОД АВА МАРКО
АКО ги избегнуваш напорот и понижувањето, немој да се надеваш дека покајанието ќе го стекнеш преку други добродетели. Зашто, суетата и нечувствителноста пo својата природа го помагаат гревот, дури и ако (надворешно изгледаат) исправно.
Оној што ќе падне во каков било грев и не се нажали во согласност co неговата тежина, лесно повторно паѓа во истата мрежа.
ОД АВА ИСААК СИРИН
ДОБРОТО стекни го повторно co она co што си го изгубил. Можеби на Бога му должиш злато? Он од тебе нема да прифати бисери.
Можеби си ја изгубил здравоумноста (т.е. чистотата)?
Бог од тебе нема да ја прифати милостината се’ додека си во блуд, затоа што од тебе бара осветување на телото. Можеби си ја прекршил заповедта, бидувајќи победен од зависта?
Зошто се бориш против сонот co бдеење и се исцрпуваш co пост? За онаа страст реченото нема да ти биде од корист. Зашто, секоја болест на душата и телото се лечи co својствени и соодветни лекови.
ОД СТАРЕЧНИКОТ
1. ДВАЈЦА браќа се замонашиле. Еден престојувал во Маслиновата гора. Еден ден неговото срце се разгорело co умиление. Тој отишол во светиот град (Ерусалим), се појавил пред кнезот, му ги исповедал сите свои согрешенија и додал:
„Казни ме во согласност co законот.”
Зачуден, кнезот размислил во себе и му рекол на братот:
„Навистина, човеку, бидејќи сам ми призна, не се осмелувам да те осудам пред Бога. Зашто, можеби Он веќе ти простил.”
Заминувајќи си, братот ставил железо на нозете и околу вратот и се затворил во ќелијата. И кога некој од тие што доаѓале ќе го прашал:
„Аво, кој ти ги стави тешките окови”, тој му одговарал: „Кнезот.”
Еден ден пред неговиот последен (ден), ангел застанал пред него и веднаш паднале оковите од него. Следниот ден дошол оној што му помагал и го прашал:
„Кој ти ги раскина оковите?” Братот одговорил:
„Оној што ми ги разреши гревовите. Он ми се јави вчера и ми рече: Поради твоето трпение ти се разрешени сите гревови. Он ги допре оковите co прстот и тие паднаа од мене.” И штом братот го раскажал реченото, веднаш се упокоил.
2. ДРУГИОТ брат бил сам во манастирот Монидион. Тој секогаш му упатувал на Бога само една молитва:
„Господи, немам страв пред Тебе. Затоа испрати ми гром или некоја друга казна или болест или демони, за конечно да влезе во мо|ата скаменета душа стравот (Твој).” Потоа повторно Го молел:
„Знам, Владико, дека многу Ти згрешив и дека се безбројни моите гревови. Поради тоа не се осудувам да барам да ми простиш. Сепак, ако е можно, по Својата штедрост, опрости ми.
Ако, пак, не е можно, казни ме овде за да не одам таму на мачење. Ако ниту такво нешто не е можно, испрати ми дел од казната овде, за да ми се олеснат маките во пеколот. Само почни од сега да ме казнуваш, пo милоста Твоја, Владико, не co гневот.”
Братот се каел цела година и co топли солзи се молел од сета своја душа, исцрпувајќи ги и кршејќи ги своето тело и својата душа co пост, бдение и останати страдања.
Еднаш седел на земјата и извикувал како и обично, жалосно плачејќи. И од голема тага му дошла дремка, па заспал. Тогаш му се јавил Христос и му рекол co радосен глас:
„Што е, човеку? Зошто плачеш?”
Тој го познал и целиот треперејќи одговорил: „Затоа што паднав, Господи.”
А Оној што му се јавил му рекол: „Стани.”
Toj My одговорил: „He можам, Владико, ако не ми ја подадеш Својата рака.”
И Он му ја подал раката, го фатил и го подигнал.
Станувајќи, тој заплакал. И повторно му зборувал Оној што му се јавил co ист, кроток и радосен глас:
„Зошто плачеш, човеку? Каква тага имаш?”
Братот одговорил: „Зарем не сакаш, Господи, да плачам и да жалам затоа што Те растажив, иако се насладив co големи добра?”
Он повторно ја испружил раката, ја допрел главата на братот и рекол:
„Повеќе немој да тагуваш. Затоа што тагуваше поради Мене, Јас воопшто не тагувам поради тебе. Заради тебе ја пролеав Својата крв. Зарем, дотолку повеќе, нема да ти дадам опростување, како, всушност и на секоја душа што вистински се кае.”
Кога дошол при себе после видението, братот почувствувал дека срцето му е исполнето co радост, убедувајќи се во Божјото милосрдие. И останал тој, засекогаш, во длабоко смирение, благодарејќи Му (на Господа).
3. ЕДЕН старец рекол:
„Ако паднеш во некој грев, па се тргнеш и почнеш да живееш во жалост и покајание, гледај да не престанеш да тагуваш и да воздивнуваш пред Господа се’ до денот на својата смрт.
Инаку, многу брзо, повторно ќе паднеш во истото блато. Зашто, тагата пo Бога е узда за душата, која не и’ дозволува да падне.”
4. ABA Данило говорел дека ава Арсениј само еднаш годишно ја менувал водата во која ги натопувал палмите. Тој, всушност, само ja дополнувал кога ќе се исцрпела. Тој, како ракоделие, се занимавал co плетење на кошници. Секогаш работел до шестиот час (т.е. до пладне).
А водата, бидејќи не ја сменувала, се смрдувала. Старците што го посетувале го молеле да им каже зошто не ја менува водата во која ги натопувал палмите, туку ја поднесува големата смрдеа. Старецот им одговорил:
„Поради темјанот и мирисите co кои се насладував во светот, сега треба да ја поднесувам оваа смрдеа.”
И ние да се потрудиме спротивното да го излечиме co спротивно. Co знаење да се подвизуваме, co соодветни страдања да ги поништиме уживањата co кои сме се насладувале.
5. ABA Теодор Фермијски рекол дека човекот што се кае не треба да се ограничува co заповед. Значи, оној што вистински се кае, ништо не го спречува, доколку сака, да прави повеќе од она што му одредува заповедта. Под заповед не се подразбира само една, туку сите што Светиот Дух и’ ги подарил на Црквата, па и посебната заповед што ја добил од својот (духовен) отец.
6. ПОРАДИ демонските напади двајца браќа заминале (од манастирот) и се ожениле. Подоцна си рекле еден на друг:
„Што добивме што го оставивме ангелскиот ред и дојдовме во оваа нечистотија, поради која, на крајот, ќе одиме во вечниот оган и бесконечни маки? Значи, да се вратиме повторно во пустината и да се покаеме.”
И се вратиле назад, исповедувајќи се што направиле и ги замолиле старците да им дадат заповед (за покајание). И старците им одредиле двајцата да се затворат една година и да добиваат само леб и вода. А тие двајца биле браќа и слични по изглед.
Бидејќи периодот за каење бил при крај, тие излегле и ги виделе старците. Едниот бил блед, згрбавен и слаб, додека другиот бил весел и расположен. И се зачудиле поради големата разлика во изгледот помеѓу нив, бидејќи двајцата добивале иста храна и биле затворени. И го прашале згрбавениот:
„Co какви помисли се занимаваше додека беше затворен во ќелијата?”
Тој им рекол:
„Непрестајно мислев за злото што го направив и за пеколот во кој ќе отидам. И поради стравот се залепи мојата кожа за моите коски”.
Потоа, го прашале и другиот на што се сеќавал во својата ќелија.
Тој им одговорил:
„My благодарев на Бога што не ме остави да умрам во гревот, туку ме избави од нечистотијата на светот, воведувајќи ме од пеколот во ангелскиот живот.
Спомнувајќи го Бога, јас се радував.” И старците рекле дека пред Бога е угодно покајанието на двајцата.
Пренесено од книгата “Доброслов” Прв том