За постот, молитвата и покајничката исповед
Свети Јован Лествичник вели:
„Како што не е безбедно во костум да се плива, така и умот, обземен од гревови и страсти, не може да се занимава co богословие”.
За да можеме правилно да ја сфатиме православната вера, потребно е очистување на нашето срце и ум од сите гревови и страсти. А тоа не е едноставна работа. Тоа е борба и подвиг кој трае цел живот, но битно е што поскоро да се започне.
Бог како средства за очистување ни ги оставил во Црквата постот, молитвата и исповедта, и како врв на се’ – светата Причест.
Оние кои не се крстени, за да се крстат треба да имаат вера и покајание (види Евр. 6, 1). Додека, пак, оние кои се веќе крстени, но отпаднале од верата, за да се вратат назад во Светата Црква треба да имаат покајание.
Тоа се нарекува и второ крштение. He случајно беше испратен пред Христос светиотЈован Крстител, проповедникот на покајанието. Неговата проповед не беше само историско претходење, туку и суштинско. Тој ја започна својата проповед co зборовите,
„Покајте се, зашто се приближи царството небесно” (Мат. 3,2), навестувајќи го co овие зборови доаѓањето на Господ.
Историски тој My претходел на Христос, но и на личносен план се случува истото:
не можеме да Го сретнеме Христос, не можеме да Го примиме во себе ако немаме покајание.
Покајанието, придружено од постот и молитвата ги очистува срцето и умот од товарот на гревовите и страстите, и ги прави способни за примање на Христа, за примање на Царството Божјо кое е во нас, за примање на православната вера.
Затоа е потребно редовно да се исповедаме, да постиме, да се молиме, за да можеме да се причестиме, како што им доликува на православни христијани.
Без оваа подготовка не можеме да добиеме никаква полза од светата Причест – Телото и Крвта Христови. Но, ако се подготвуваме за светата Причест на православен начин, co пост, молитва и покајничка исповед, тогаш и нашите срца ќе горат како на Лука и Клеопа, кои патуваа заедно co Господ и чувствуваа дека нивните срца горат, но не можеа да Го познаат дека Он е Спасителот Христос, се’ додека не се причестија co Heгo.
Дури тогаш им се отворија очите и Го познаа (Лука 24, 13-53). Така постапуваа, веруваа и живееја сите светители на Црквата Божја и затоа Бог ги прослави co светост, па нивните мошти остануваат нераспаднати, нивните икони мироточат, се случуваат чудесни исцеленија по нивните свети молитви.
Накусо кажано, тие станале садови на Светиот Дух, инструменти на Светиот Дух, во кои пребива Бог и преку кои Он ја објавува Својата волја. Затоа треба да ги читаме нивните житија и да го исполнуваме она што тие го проповедале и co пример го покажувале.
Тие не биле некои чудаци, co посебно однесување, туку биле обични луѓе како нас, само co чисти срца и умови и co огромна до себезаборав љубов кон Бога и кон ближните. Сите тие стигнале до светост, co Божја благодатна помош, но и co пост, молитва, исповед и причест.
Без ова,никој не добил светост.
(Продолжува)
Пренесено МПЦ – OA ( Повардарска епархија)