ОД АВА ИСАИЈА

1. БРАТЕ, знај дека човек не може да напредува (духовно), ако не постане безгрижен за се’ во овој век. Две нешта (т.е. две работи) и’ пречат на душата.

Едно е надворешното, т.е. грижата за дела од овој свет заради спокој на телото и второто е внатрешно, т.е. страстите, кои ги оневозможуваат добродетелите. И душата не го гледа внатрешното, т.е. страстите, ако не се ослободи од надворешното.

Затоа Владиката рекол:

Ниеден од вас, кој нема да се откаже од се’ што има, не може да биде Мој ученик. (Лк. 14, 33) Надворешните работи се борат co волјата, а внатрешните се борат co надворешните дела.

Знаејќи дека волјата владее co двете, нашиот Владика заповедал да ја отсечеме.

Зашто, умот умира доколку душата се грижи за надворешното, при што и внатрешните страсти незадржливо растат и се распалуваат.

Ако душата ги отсече сите свои потреби и ако ги замрази сите работи и зафатеноста (преокупираноста) co овој свет, умот стапува во дејство и се бори, се’ додека не ги исфрли сите страсти од својот сом.

Тој непрекинато внимава на својата душа и ја чува да не се сврти повторно кон оние што и нанесле неправда. Душата личи на млада, омажена жена која престанува да се плаши и да се срами, ако нејзиниот маж замине во туѓина, не грижејќи се co ревност за својата куќа.

Меѓутоа, штом нејзиниот маж се врати, таа веднаш почнува да се плаши, напуштајќи го она што го правела и се труди да постапува според волјата на нејзиниот маж.

Враќајќи се во својата куќа, тој се грижи за се’ што е потребно и постојано ја чува (душата), се’ додека не добие деца и додека не ги порасне и воспита.

И тие стануваат едно срце. Душата му се потчинува на умот (како жената на мажот) и умот станува нејзина глава, како што е напишано кај апостолот: Мажот е глава на жената. (Еф. 5,23)

Овие зборови се однесуваат на оние што се удостоиле да постанат едно во Господа, целосно избегнувајќи ја раздвоеноста, како што не’ учел Господ во Евангелието, говорејќи: Ако двајца од вас се согласат на земјата да молат за нешто, што и да било, ќе им биде дадено од Мојот Отец, Кој е на небесата. (Мт. 18,19)

Господ сака Неговите да бидат здрави и слободни од материјалното, кое се крие во душата, како и од сето она што Самиот го укинал во Своето тело вочовечувајќи се. Он самиот рекол: Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас. (Јн. 15,4)

Он најпрво сака да останеме во Hero co дела, а Он ќе остане во нас co плодовите на тие дела, т.е. co духовното зреење. Невозможно е душата да влезе во спокојот на Синот Божји, ако го нема образот на Царот. Парите кои немаат изглед на цар, не ги мери ниту еден мерач и ниту еден цар не ги става во своите скривници.

Слично е и co душата. Ако го нема образот на големиот Цар, Исуса, поради неа нема да се радуваат ангелите. Он ќе ја отфрли, говорејќи:

„Како влезе внатре без мојот образ на себе, т.е. без љубовта, како што реков.”

Невозможно е, пак, љубовта да биде во нас доколку душата се дели, барајќи го Бога и сакајќи ги светските работи. Птицата не може да лета co едно перо или ако нешто е обесено на неа. Ни душата не може да напредува по Бога ако е врзана за нешто светско.

Оние што го засакале Бога со сето свое срце, ништо во светот не може да ги одвои од Неговата љубов, според зборовите на апостолот, кој вели:

Кој ќе не’ одвои од љубовта кон Христос? Дали неволјата? Или маната? Или прогонот? Или гладот? Или голотијата? Или погибелта? Или мечот?…

Зашто сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината… ниту, пак, кое било друго создание нема да може да не’ оддели од љубовта Божја во Христос Исус, нашиот Господ. (Рим. 8,35; 38 – 39)

2. АВА Исаија рекол:

„Немој да сакаш да те прашуваат за совет или за причините на ова време и немој да те убедат да му одговориш на оној што те прашува. Ушите секогаш да ти бидат насочени кон оние што зборуваат во тебе, т.е. кон помислите. Моли го Бога да ти даде разум да сфатиш која од нив треба да ја послушаш. Зашто, оние што се занимаваат co непотребното, ја забораваат борбата co ѓаволот.”

ОД АВА МАРКО

ЗАШТО никој кој служи како војник не се вплетува во работите на секојдневниот живот. (2 Тим. 2,4) Оној што co вплеткување (во светските работи) сака да ги победи страстите, личи на оној што се обидува co слама да изгасне оган.

Доколку пронајде човек што без потреба се занимава co телесното, ѓаволот прво како плен му го одзема познанието, а потоа, покрај главата, му ја одзема надежта во Бога.

ОД СВЕТИ ДИЈАДОХ

ДУШАТА што не се избавила од светските грижи, ни Бога нема да го засака вистински, ниту, пак, од ѓаволот ќе се оддалечи, како што приличи. Зашто, грижата за животот таа ја има како тежок покривач.

Bo такви околности умот не може да суди за познанието на самиот себеси, т.е. без заблуда да го испита својот суд. Значи, за секого е корисно оддалечувањето од светот.

Малкумина се оние што точно ги знаат сите свои грешки и чиј ум никогаш не престанува да мисли на Бога. Додека се здрави, нашите телесни очи можат да видат се’, дури и комарците и мушичките што летаат во воздухот.

Меѓутоа, ако бидат покриени од модринка или поради замагленост, тие слабо гледаат дури и кога има нешто големо пред нив, додека малите нешта воопшто не можат да ги почувствуваат и да ги видат co сето заматено сетило (за вид).

Слично е и co душата. Доколку co молитва се излечи од слепилото предизвикано од љубовта кон светот, таа и своите мали грешки ќе ги смета за многу големи, непрестајно плачејќи и благодарејќи, како што вели Псалмот:

Праведниците ќе го исповедаат името Твое. (Пс. 139, 13) Меѓутоа, ако продолжи да се однесува како во светот (доколку co своето расположение остане во светот), таа речиси нема да го почувствува ни убиството или нешто друго што е достојно (што заслужува) за голема казна.

Други, пак, грешки таа нема ни да ги забележи, а некои дури ќе ги смета за успех, воопшто не забележувајќи дека за нив, бедната, зборува co задоволство (со топлина).

Извадок од книгата  „Доброслов“ 24 наслов

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаГоспод ја сврзува трагичната смрт со недостигот на покајание?!
Следна статијаСтарец Јосиф Спилеот – за молитвата!