БОЖЈА ВОЛЈА ЛИ Е ТРАГИЧНАТА СМРТ

Лесна кола пролетува со зашематувачка брзина и се удира челно. Од колата и шоферот останува само безформна маса!

Дали тоа било Божја волја за судбината на тој човек?

Колку е голема љубовта Божја кон луѓето, тоа Тој ни го покажал со сопствените дела!

Го создал со своите раце; го украсил со илјадници харизми и го населил во прекрасна градина – прекрасниот Рај за да блаженствува и благоденствува вечно!

И покрај тоа што човекот погреши и го напушти Рајот, Тој го даде својот живот, се распна, за одново да го врати во Рајот! Човекот прегреши, а Тој, Бог, “плати” за неговиот грев!

“Бог ја докажа неговата љубов кон нас, со тоа што Христос умре за нас”(Рим. 5:8).

Толку многу љубов и жртва за човекот!

Како тогаш е возможно да е негова волјата за трагичната смрт (од сообраќајна несреќа) на некој човек? (Само што, не Бог, туку човекот ја управувал колата!)

“Бог не ја создал смртта и не се радува кога гинат живите”(Прем.1:13).

Треба добро да разбереме , дека Себлагиот по природа Бог, нема непријатели! Кон никого не чувствува ништо лошо, ниту има со некој “скриено-покриено”.

И покрај хулите на луѓето кон Него! И покрај пренебрегнувањето на Неговата света волја, Тој го сака доброто на сите нас!

Неговата двигателна сила одсекогаш и насекаде е Неговата благост! Таа и ништо друго! “Неопислива” ја нарекува црквата Неговата благост (Молитва прва од утрената).

“Како што за огнот е својствено да топли, а на сонцето – да свети, така својствено за Бога отсекогаш е да благотвори!”(Св. Јован Златоуст, По 47 псалом).

И одново:

“Како што при породилни болки жената сака да роди, така и Господ сака да благотвори, да ја излее Својата милост врз луѓето”.

Таква “манија”, страст за доброто на секој еден човек! Дотолку што, дури, за предвремената смрт на некој човек основен двигател е Неговата благост!

Да, ама ако Бог сакаше, немаше да се случи сообраќајната несреќа нели?

Само што, Бог за нас сака многу нешта, но многу малку од нив се збиднуваат! Сака сите да врват заедно по единиот  пат, но колку многу застрануваат од него!

Сака сите да ја следат Неговата волја, но колку многу ја пренебрегнуваат! Сака сите да одат во рајот, но колку многу стануваат порочни!

И не поради Неговата слабост, туку поради сметањето на сопствената волја, на личната слобода, која, Тој Самиот ни ја подарил.

Со други зборови Бог ни остава слобода да правиме што сакаме (како на пример да возиме кола со 200км на час!), но заедно со тоа и да вкусуваме и од соодветните последици на нашиот избор!*

Трагичната смрт – средство за спасение!

Иако благиот Бог не е причина за трагичната смрт, Неговата благост ја претвара во средство за “бесмртност”, кое носи милост и простување.

Во времето на Христа, на некој народен празник, во храмот се подигнало национално востание.

Пилат, со цел да го задуши, исклал неколку галилејци. Некои отишле и му раскажале за тоа на Христа. тој одговорил:

“Мислите ли дека тие Галилејци беа погрешни од сите галилејци па затоа пострадаа?

Не, ви кажувам; но, ако не се покаете, сите така ке погинете”(Лука. 13:2-3).

И им напомнал за некој несрекен случај, кој се случил во Ерусалим:

“Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа повиновни од сите жители на Ерусалим? Не, ви кажувам; но, ако не се покаете, сите така ке пострадате”(Лука. 13:4-5).

И при двата случаи Господ ја сврзува трагичната смрт со недостигот на покајание, посочувајки на тој начин, дека, трагината смрт донекаде го надоместува покајанието!

Речиси како да вели:

“Ако имате за цел да одите во адот, тогаш јас ке најдам начин да ве одведам во Рајот!”

или:

“Ако планирате да одите директно во Адот, јас ке најдам начин да ви попречам”.

Тука и во двата случаја Тој е категоричен!

“Ако не се покаете, сите ке пострадате, на ист начин!” Затоа што Господ “сака сите луѓе да се спасат”(1Тим.2:4)

Кое пак значи: сите кои пострадуваат во катастрофи, војни, земјотреси, оние кои се дават во морињата, кои горат во пожари и т.н, ја наоѓаат Божјата милост!

“Убиј ме, та да одам во Рајот”, велеле порано.

Факти:

Прв: Двајца браќа се молеле ревносно брат им на земјата да загине во трагична смрт, за да биде обелена неговата склоност кон блуд! И Бог ги послушал нивните молби! Испратил лав да го раскине! (в. Евергетинос, т.3)

Втор: Пророкот Ахиј, бидејки ја нарушил заповедта на Господа, бил умртвен од лав, “искупувајки се така за своето непослушание”(3. Цар.13).

Трет: Истата судбина , и тоа поради истата причина, ја имал и еден пустиножител, отшелник, кој бил раскинат од хиена. “Отшелникот, чисто од човечка слабост, згрешил во нешто сосема малку.

Но токму затоа бил казнет на земјата со трагична смрт, за во другиот живот да се претстави во целосна чистота!” раскажал за него ангелот (Евергетинос, т 4).

*

А потоа се прашуваш:

“Кој е виновен што, минало – неминало време, и толку многу тони портокали и праски се фрлаат; и тони млеко се излеваат во реките и морињата?

Бог или “умот”на луѓето?

Се разбира умот на луѓето! Тогаш ти што очекуваш?

Да го промени Бог мислењето на луѓето, така што ке им ја одземе слободната волја , која Самиот Тој им ја подари?

Би сакал ли Бог тоа тебе да ти го направи?

Да не те остави Бог да го правиш и зборуваш она кое самиот сакаш, туку тоа кое само Бог сака (и да ги достигаш нештата не по силата на сопствениот разум и опит, а на некој друг – сличен на немисловна и несетивна кукла на конци, – макар тоа и да е самиот Бог)?

Архимандрит Василис Бакојанис

Пренесено од Азбука на православната вера

Претходна статијаТОВАРОТ НА УПАТЕНИТЕ НАВРЕДИ (кратка поука)
Следна статијаКој ќе не’ одвои од љубовта кон Христос? (Ава Исаија)