ИКОС 7-ми:

Навистина прекрасно и ново чудо си покажал Прекрасен меѓу возвишените, Господи, кога, пo испраќањето на Пресветиот Дух на избраните ученици и апостоли, на проповед за сиот свет си ги извел, да го возвестат великото име на Пресвета Троица и да ги пленат сите народи во послушание на верата.

Затоа, восхитени од силата и дејството на боговдахновените нивни зборови, co радост повикуваме:

„Свет, Свет, Свет си, Господи Боже наш, Ти, Кој немоќните, неблагодарните и безумните од овој свет Си ги избрал, за да ги посрамат силните, славните и премудрите.

Свет си, Господи Боже наш, Ти, Кој безбројното мноштво маченици си ги вдахновил, та co илјадниците страданија и смрт, да ја запечатат вистината за Евангелието и силата на благодатта Христова.

Свет си, Господи Боже наш, Ти, Кој срцето на рамноапостолниот Константин co знакот на Крстот си го приклонил и co тоа лутите прогони на христијаните си ги запрел;

Свет си, Господи Боже наш, Ти, Кој co седумте Вселенски Собори на богоносните отци, како co седум столба, Црквата си ја оградил и за еретичкиот метеж непристапна си ja направил.

Свет си, Господи Боже наш, Ти, Кој на богомудрите учители и великите подвижници на благочестието, како на пресветли ѕвезди на темелот на Црквата, блесок си им подарил.

Свет си, Господи Боже наш, Ти, Кој и владиката на родот наш македонски, свети Климент, кон светлината на вистинската вера си го водел и co тоа сиот народ наш од прелеста јазичничка си го избавил.

Свет, Свет, Свет си, Господи Боже наш, помилуј не’ нас, паднатото создание Твое, заради светото име Твое”.