ОД СВЕТИ ВАРСАНУФИЈ

ЕДЕН брат го прашал старецот:

„Се случува да сочувствувам co некого кога ќе слушнам дека се наоѓа во борба (искушение) или дека е болен. Најпрво кажи ми дали таквото сочувство е љубов или произлегува од демоните, кои сакаат да ме одвојат од грижата за моите сопствени гревови?

Освен тоа, дали треба да го спомнувам во молитвите, co оглед на тоа дека се наоѓам во уште поголема опасност и во поголеми гревови? Тој, всушност, ме моли за такво нешто и сака за тоа да известам и некој од отците.

Што да правам? Зарем не го вежба во љубовта молитвата за ближниот, па макар и да е многу острастен?”

Старецот одговорил:

„Зборовите на отците: ‘Никој не треба да оди и да оплакува туѓ мртовец, оставајќи го својот’, се однесуваат на младите, бидејќи само на совршените им е својствено да сочувствуваат co ближните.

Доколку млад сочувствува co друг, секако бидува исмеан од демоните. Зашто, тој безумно суди за луѓето и за работите, немајќи непогрешливо расудување. Нему често и доброто и корисното му изгледа како лошо и некорисно.

Затоа многу покорисно ќе му биде ако воопшто не се грижи за надворешните. Ако во своето срце се сети на некој болен или на некој што страда од тага или ако за него слушне од некој друг, нека рече:

‘Бог да не’ помилува, и мене и него.’ Самиот, пак, нека не бара од некој од старците да се помоли за друг. Реченото би значело употребување на својата власт (т.е. волја).

Ако веќе сака, едноставно нека му рече на старецот:

‘Човекот се наоѓа во неволја.’

Старецот, слушајќи, секако дека ќе се помоли за немоќниот co духот. Ако некој те замоли за него да му кажеш на некој старец, ти, поради заповедта, кажи му.

Молејќи се, говори: ‘Господи, прости ни’, или ‘Покриј не’ (помогни ни) во оваа работа.’

Ти се’ уште не си во состојба да сочувствуваш co некој по Божјата љубов, т.е. се’ уште не си стигнал до слична мерка. Доколку те вознемирува некоја било која помисла, прашај го старецот и ќе научиш што и’ прилега и што е корисно.”

ОД СТАРЕЧНИКОТ

1. БРАТОТ му рекол на ава Крониј:

„Кажи ми, оче, како да се спасам?” Старецот му рекол: „Елисеј отишол кај Сунамитката и забележал дека таа не се грижи за ништо (односно не бара противуслуга за доброто што му го направила).

Затоа таа зачнала и родила поради присуството на Елисеј” (4 Цар. 4/14 – 17). Братот рекол: „Што значат овие зборови?”

Старецот му одговорил: „Ако душата е трезвеноумна и ако се воздржи од расеаноста, оставајќи ги своите потреби, Божјиот Дух ќе ја посети. Иако била неродна, таа ќе може да роди.”

2. ВЛАДЕТЕЛОТ на една земја сакал да го види ава Пимен, но старецот не прифаќал.

Затоа тој, како повод, го уапсил синот на неговата сестра, наводно како злосторник и го затворил, говорејќи:

“Јас ќе го ослободам само ако дојде старецот и замоли за него.”

Неговата сестра плачејќи отишла пред неговата врата, но тој не и’ одговорил. Поради тоа таа се налутила, говорејќи:

„He биди безмилостив, смилувај се на мене. Тој ми е единец.”

Старецот, пак, испратил некого да и’ каже:

“Пимен не раѓаше деца.”

И не постигнувајќи ништо, жената си отишла. Слушајќи што се случило, владетелот порачал да му кажат на старецот:

„Нареди ми, макар co еден збор, и јас ќе го ослободам”

А старецот одговорил: „Испитај го неговиот случај според законот. И ако заслужил смрт, погуби го, а ако не, постапи по своја волја.”

ОД СВЕТИ ЕФРЕМ

1. МОНАХОТ што е заплеткан во животни грижи и кој ги пренасочил своите помисли кон грижа за светски работи, личи на оној што самиот себеси се кине на парчиња.

2. МОНАХОТ што бара наследство од своите родители пo тело, иако веќе се одрекол од светот и се замонашил, секако дека паѓа во искушенија. Оној, пак, што го бара Господа, секако дека ќе се спаси.

Немој да велиш:

„Од што ќе живеам кога ќе остарам?”

Нам не ни е допуштено да се грижиме за утрешниот ден (Мт. 6, 34), а ти веќе се грижиш за својата старост. Ние треба да го бараме Божјото царство и праведноста, a ce’ останато ќе ни се додаде. (Мт. 6, 33)

Зашто, Оној што ветил, не лаже. И ако не го бараме пред се’ останато, очигледно е дека не се подвизуваме за него. Пренеси ја на Господ маката своја и Тој ќе тe поткрепи. (Пс. 54, 22)

Ако Господ благоизволи да успее некое дело на твоите раце, погрижи се да сфатиш дека ќе му дадеш збор на Оној што ти помогнал.

ОД СВЕТИ ВАРСАНУФИЈ

ЕДЕН брат што живеел во тихование во општежитието (манастирот) го прашал старецот, говорејќи:

„На една вдовица и’ е направена неправда. И таа прати некој кај мене, барајќи писмено да го замолам кнезот за да и’ помогне. Поради тоа во мене се појавија две помисли:

Едната ми говори дека ваму дојдов заради умртвување и дека ќе ја прекршам заповедта за умртвување доколку му пишам на кнезот, a втората ми вели дека ќе ја нарушам заповедта која наредува да им се помага на оние што молат, доколку не му напишам. Кажи ми, оче, како да постапам?”

А старецот му одговорил:

„Ако си мртов и ако ти дојде вдовица на која и’ е причинета неправда, дали би можел да и’ помогнеш? Секако, не.

Меѓуоа, и да и’ помогнеш, ќе дојде друга co слични потреби и исто така, ќе ја нарушиш заповедта, доколку не и’ помогнеш.

Мртовецот не се грижи за нешто такво. Дури и ако негодуваат против тебе, тоа нема да ти наштети.”

Пренесен извадок од книгата “Доброслов” прв том

Подготви М. Даниловска

Претходна статија“Јас умрев пред него и повеќе не сум меѓу живите.”
Следна статијаПремудри поуки – Доброслов (Малку ли се оние што ќе бидат спасени? (Лк. 13,23)