Оној што се одрекол од светот не треба, воопшто, да се вплеткува во светските случаи и настани, дури и ако изгледа дека се оправдани, туку треба да ги препушти на Божјата промисла
ОД ЖИВОТОТ HA СВЕТИ АРСЕНИЈ
ЕДНАШ во Скитот дошол некој службеник од Рим, носејќи писмо (аманет) од некој роднина на Арсениј. Старецот го зел и сакал веднаш да го искине. Меѓутоа, службеникот го престигнал, паѓајќи му пред нозете и објаснувајќи му дека уништувањето на пораката би го довела во опасност него, којшто го носел писмото. Враќајќи му го, Арсениј му рекол:
“Јас умрев пред него и повеќе не сум меѓу живите.”
ОД СТАРЕЧНИКОТ
1. ЕДЕН старец рекол дека светителите веќе примиле дел од својот покој (своето упокојување), иако се уморувале и се труделе овде. Тој мислел на нивната слобода од светските грижи.
2. АВА Алониј рекол:
„Доколку не рече во своето срце: ‘На овој свет постоиме само јас и Бог’, човекот нема да има спокој”
3. ЕДЕН старец рекол:
„Монахот, кој по одрекувањето од светот, повторно се зафаќа и дава напор за работи од овој беден живот, сличен е на сиромавиот кој ја нема ни неопходно потребната храна и не наоѓајќи начин како да се прехрани и да се облече, од голема негрижа тој се предава на сонот и сонува дека е богаташ и дека ја соблекол од себе гнасната облека и се облекол во чиста.
И бидејќи од радост се буди, тој повторно го гледа пустото сиромаштво. Спично се случува и co монахот кој не се труди во трезвеноумноста, туку своите денови ги троши презафатен co други работи, односно измамен од помислите.
Co него се поигруваат демоните, лажејќи го дека зафатеноста и напорот се заради Бога и дека секој ќе има и награда. Во часот на одвојувањето на душата од телото тој ќе види дека е сиромав и празен, без никаква добродетел.
И тогаш ќе помисли на големината на богатствата што ги дава трезвеноумноста и бдеењето (внимавањето) над себе, како и на маките што ги предизвикува преокупираноста co светските грижи”
4. ВЛАДЕТЕЛОТ на земјата еднаш затворил некој човек од селото на ава Пимен. И сите жители дошле да го молат старецот да оди и да го ослободи.
Тој рекол:
„Оставете ме три дена, па ќе дојдам.” Старецот, пак, му се молел на Бога, говорејќи:
„Господи, немој да дозволиш да ми се направи услуга, инаку после нема да ме остават да седам во мир во ова место.”
По три дена тој отишол кај владетелот и го молел за тој човек. А владетелот му рекол: “Зарем молиш за крадец, аво.” A старецот се израдувал што не му направил услуга…
ИЗВАДОК ОД „ДОБРОСЛОВ“ (24. НАСЛОВ)