ДВАЕСЕТ И ТРЕТИ НАСЛОВ
Треба да се оддалечуваме од сите што ни нанесуваат штета, дури и кога ни се пријатели или ни се неопходни!
ОД СТАРЕЧНИКОТ
1. ABA Агатон рекол: „Ако забележам дека ме вовлекува во грев дури и некој што многу го сакам, јас го оттргнувам од себе.”
2. СТАРЕЦОТ рекол:
„Должен си да бегаш од секој што прави беззаконие, макар да станува збор и за пријатели или роднини, па дури и ако имаат свештенички или царски чин. Зашто, оддалечувањето од оние што прават беззаконие ни донесува Божја љубов и смелост (кон Hero).”
З.ТОЈ рекол:
„He ни е од корист да се среќаваме co беззакониците ни в црква, ни на пазар, ни во собранието, ниту заради било која друга работа. Напротив, ние треба целосно да го избегнуваме дружењето co нив. Зашто, секој беззаконик заслужува одбегнување како оној што го очекува вечно мачење.”
4. СТАРЕЦОТ рекол: „Немој да престојуваш на место во кое ти завидуваат, инаку нема да напредуваш.”
5. БРАТОТ го прашал старецот, говорејќи: „Ако некој брат ме соблазни, дали треба да му направам поклон?” А старецот му одговорил: „Направи му поклон, но оддалечи се од него. Зашто, ава Арсениј вели: ‘Со сите биди во љубов и co сите на растојание’…
Пренесено од книгата „Доброслов“ (извадок)