Најново чудо по молитвите на св. Василиј Острошки Чудотворец
Една од најновите случки на исцеление со силата на молитвата пред моштите на св. Василиј Острошки ја забележа протоереј – ставрофор Ранко Билинац, парох во Источно Сараево, а ја раскажа Југослав Васковиќ од Источно Сараево, кому тоа и му се случило:
Роден сум 22-ри март 1979 година во Сараево. На 8-ми јули 2013 година почнав тешко да ги изговарам зборвите. После два дена потполно онемев.
Одев кај разни доктори, но тие нема решение за мојата болест.Многу ноќи не спиев, бидејќи ми беше тешко моите деца да ме гледаат таков. После 17 дена од мојата агонија, отидов, слава му и милост, под Острог, каде што тамошниот свештеник ми прочита молитва над моштите на св. Василиј Велики.
Таа ноќ, кога се вратив дома, легнав да спијам со надеж дека говорот ќе ми се врати. Верував во помошта на светителот. Наутро, во 6 часот и 55 минути, кога се разбудив, мене ми се врати моќта но говор.
Слава Му на светителот и благодарност.
Извор: Православни манастир Острог