„Ти благодарам, што Ти стана за мене ден невечерен и сонце незаодно –

Ти, Кој немаш каде да се скриеш, и Кој сè одеднаш исполнуваш со Твојата слава.

Та Ти никогаш од никого не си се криел,

туку ние, не сакајќи да доаѓаме кон Тебе, самите се криеме од Тебе.

Па и каде да се сокриеш Ти, Кој никаде немаш место за успокојување?

Или зошто би се сокрил Ти, Кој од никого не се одвраќаш крајно, од никого не се гнасиш?

И така, всели се во мене сега, Владико, и живеј и пребивај во мене, Твојот слуга, Благи, неразделно и неразлучно до смртта, та и јас при мојот исход и по мојот исход во Тебе да бидам, Благи, и да соцарствувам со Тебе – Бога, Кој е над сите.“

Свети Симеон Нов Богослов

Претходна статија„Еве Ме да те заштитам!“!
Следна статијаНАХРАНИ ГО ГЛАДНИОТ…